1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Осама до Обама: Америка не може да биде сигурна

Осама Бин Ладен, шефот на терористичката мрежа Ал Каеда, презеде одговорност за нападот врз американскиот авион на 25 декември, кој леташе од Амстердам за Детроит и се закани со нови напади.

default

Осама Бин Ладен со актуелни снимки „докажува“ дека е жив

Во аудио-снимка Бин Ладен нагласува дека нападот бил продолжение на нападите од 11 септември 2001 година. Тонската снимка ја емитуваше арапската телевизија Ал Џазира, а нејзината автентичност се‘ уште не е потврдена. Според телевизијата, таа е снимена пред околу еден месец. Бин Ладен преку снимката се заканува со нови напади врз САД. „Америка не може да сонува да живее во мир се‘ додека нема мир во Палестина“, вели лидерот на Ал Каеда и додава дека нападите врз САД нема да престанат се‘ додека Американците му „даваат поддршка на Израел“.

Лидерот на Ал Каеда постојано испраќа аудио-пораки. Последната беше емитувана во септември 2009 година и во нејзе тој бараше крај на војните во Ирак и Авганистан, а се закани и со напади во Германија пред одржувањето на парламентарните избори. Ваквите снимки би требало да служат како доказ дека шефот на Ал Каеда е жив и дека има контрола врз терористичката мрежа. Експертите се сомневаат дека контролата е можна. Бин Ладен, за кого постојат сомневања дека се крие во пограничниот појас меѓу Пакистан и Авганистан, веќе не е во состојба да контролира толкава мрежа, сметаат експертите.

Автор: ЕМФ/ЖА/дпа