1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Оружје од германско производство пронајдено во Либија

Во Либија е пронајдено оружје од германско производство и покрај тоа што неговиот извоз во северноафриканската држава не е дозволен.

default

Оружје на „Хеклер и Кох“

Повеќе германски медиуми јавуваат дека либиските бунтовници во магазините со оружје на силите на долгогодишниот властодржец Моамер ел-Гадафи пронашле модерни автоматски пушки кои со сигурност потекнувале од германската фирма за оружје „Хеклер и Кох“. Кога и како ова оружје пристигнало во Либија е нејасно. Инаку, пронајдените германски автоматски пушки се од типот Г36 КВ, што ги употребуваат специјалните единици на германската армија - Бундесверот.

Портпарол на германското министерство за економија изјави дека владата нема никакви сознанија за тоа како автоматските пушки можеле да стигнат во Либија. Одобрение за испорака на автоматски пушки од типот Г36 на Либија , министерството за економија не издало, изјави портпаролот, дополнувајќи: „Меѓутоа, ќе биде направен обид ова прашање да се разјасни заедно со новата либиска влада, кога таа ќе биде во функција“. И фирмата „Хеклер и Кох“ соопшти дека не испорачувала оружје на Либија.

Автор: СН/ЕМФ/дпа/ртр

Редактор: Б. Георгиевски