1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Оркански ветрови на северот од Британија

Орканскиот ветар што вчера попладне (08.12) дуваше во северните делови од Велика Британија достигна брзина од 265 километри на час. Тоа е најсилниот ветер измерен во Шкотска од 1986-та година.

default

Над 60.000 домови останаа без струја и греење, а невремето го наруши и железничкиот и авиосообраќајот. Силните ветрови оштетија бројни турбини, бидејќи според експертите тие се немоќни да произведуваат струја на толку силен ветер.

Во одредени делови од Шкотска има забрана за патување со автомобили, а двокатните автобуси се исклучени од сообраќај. Невремето предизвика уривање на дрвја и електрични столбови на патиштата. Во исто време, многу училишта останаа затворени.

Sturm Frankreich

Националната метеоролошка служба го подигна нивото на предупредување на црвено, што претставува највисоко предупредување. Првата голема бура оваа зима во Британија донесе и ветришта со брзина од 113 километри на час во Глазгов и Единбург.

На северот од Англија повеќе возачи беа заглавени во поплавите, а од невремето беа погодени и Велс и Северна Ирска. Во повеќето несреќи низ Британија нема информации за загинати или сериозно повредени луѓе.

Повеќе од 300 патници останаа девет часа на ферибот на источното крајбрежје на Северна Англија. Фериботот од данското пристаниште во Ротердам не можеше да се укотви на пристаништето во Хул, поради страв дека силните ветрови би можеле да го уништат бродот.

Најлошото од бурата се очекува на истокот од земјата, каде ќе стаса денеска и ќе донесе намалување на температурите, предвидуваат метеоролозите.

Автор: Александар Методијев/афп /миа

Редактор: Е. Милошевска Фиданоска