1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Оригинален композитор на дела со длабока човечност

Оваа година музичкиот свет ја одбележува двестегодишнината од смртта на Јозеф Хајден. Уметници од светската елита се среќаваат на фестивалот „Хајден“, а турите низ замокот повторно го оживуваат времето на Хајден.

default

Портрет на Јозеф Хајден

„Седам во својата пустелија, напуштен, како сиромав сирак, речиси без човечко опкружување, тажен, исполнет со сеќавање на среќните денови, кои кој знае кога ќе се вратат“, зборуваше Хајден.

Јозеф Хајден не секогаш бил среќен додека работел како диригент во дворецот на кнезот Естерхази: речиси триесет години постојано патувал меѓу двете резиденции на аристократот – во Ајзенштат и во Фертод, на езерото Нојзидлер. Пресбург или Виена ги посетувал многу ретко. Сепак, изолацијата на кралскиот дворец имала и позитивна страна: Хајден тука развил невидена креативност и токму во Ајзенштат и Фертод создал најголем број од своите дела.

Затоа за Хајден, двата града биле како лабораторија, во која тој експериментирал, откривал нови нешта и оставил траен белег на класичната музика.

Магична атмосфера во австрискиот Ајзенштат

Градот Ајзенштат е сосема свесен за значењето на Хајден за историјата на музиката: иако залудно се бара монументален споменик на Хајден, сепак, во градот доста често се појавува името на генијалниот композитор. Во годината кога се одбележува двестегодишнината од неговата смрт, ознаките за Хајден одвај може да се

Bildgalerie Joseph Haydn Schloss Esterhazy

Дворецот Естерхаза

игнорираат: на улиците се закачени паноа, знамиња и плакати, а се продаваат чанти и капчиња со неговиот лик. Во Ајзенштат може да се посети и црквата во која се наоѓаат оргулите на Хајден и мавзолејот или реставрираната барокна куќа на Хајден, во која е претставен интересен преглед на неговиот приватен живот.

Мошне впечатливо доживување е да се присуствува на концерт во свечената сала во замокот, во која на таванот се нацртани три фрески кои алегорично ги претставуваат утрото, пладнето и вечерта и кои го инспирирале Хајден да ги создаде трите истоимени композиции.

Раскошната сала во замокот Ајзенштат, за која се вели дека ја има најдобрата акустика во светот, моментално е

Bildgalerie Joseph Haydn Büste in Eisenstadt Östereich

Биста на Хајден во Ајзенштат

најважното собиралиште за време на тукашниот фестивал во чест на Хајден. Фестивалот во Ајзенштат се одржува од средината на осумдесетите години, а оваа година, поради јубилејот, директорот Валтер Рајхер очекува значително побројна публика. За Валтер Рајхер, претставувањето највисок музички квалитет во Ајзенштат е разбирливо само по себе.

„Уште од самиот почеток рековме дека сакаме ова да е подиумот за најдобрите изведувачи на Хајден во светот и особено за време на фестивалот „Хајден“, има можност секој ден да се слушне некој друг изведувач со различен пристап на интерпретација. Со тоа, уметниците ја прават музиката жива и динамична“, вели Рајхер.

Личноста на Хајден претставена и во Естерхаза

И во замокот Естерхаза на езерото Нојзидлер во унгарскиот град Фертод, веќе петнаесет години се одржуваат концерти со делата на Хајден. Според Агнес Кажас, организатор на концертите во Естерхаза, Хајден се`

Bildgalerie Joseph Haydn Gott erhalte Franz

уште е од големо значење за замокот: „Може да се каже дека голем број посетители доаѓаат токму поради Хајден, и се надевам дека ќе има уште повеќе заинтересирани за фестивалите и концертите што се одржуваат тука. Замокот, сам по себе, е интересно место и културно наследство на Унгарија. Интересна е неговата градба, но од друга страна и личноста на Јозеф Хајден мошне ги интересира луѓето од Унгарија и странство.“

„Сакам да умрам каде што живеев“

Дух, оригиналност, досетливост, хумор и една длабока човечност: тоа се елементите на музиката на Јозеф Хајден, што може да се почувствуваат при слушањето на речиси сите негови дела, а на сосема посебен начин се доживуваат во градовите каде што творел: во Ајзенштат и во Фертод, на езерото Нојзидлер. И веднаш може да се разбере зошто Хајден, и покрај тоа што не бил сосема задоволен од регионот каде живеел, за него вели: „Таму каде што живеев, таму сакам и да умрам“.

Автор: Клаус Герке / Ана Алибегова

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска