1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Орешарски: Бугарската влада нема да поднесе оставка

Оставката на бугарската влада, која беше избрана пред две недели, во овој момент би бил неодговорен потег кој би ја дестабилизирал земјата, оцени бугарскиот премиер.

Бугарскиот премиер Пламен Орешарски синоќа призна дека изборот на контроверзниот медиумски тајкун и пратеник Делијан Певски за директор на државната безбедносна агенција ДАНС претставувало грешка, но нагласи дека неговата влада нема да поднесе оставка поради тоа.

Орешарски оцени дека оставка на владата во овој момент би бил „крајно неодговорен“ потег поради опасноста од нова дестабилизација на земјата, нагласувајќи дека со пад на неговиот кабинет Бугарија би загубила милијарди евра помош од европските фондови.

Proteste gegen Plamen Oresharski Kandidat Premierminister Bulgarien

Изборот на директорот на државната безбедносна агенција ДАНС предизвика протести во Софија

Триесет и две годишниот Певски, кој е пратеник од редовите на партијата на бугарските Турци, Движењето за права и слободи (ДПС), и чие семејство поседува неколку весници, телевизии и интернет сајтови, пред пет дена од страна на Парламентот беше избран за директор на ДАНС, на предлог на Орешарски.

Изборот на Певски предизвика остра реакција од страна на бугарскиот претседател Росен Плевнелив и дел од медиумите и во минатите четири дена резултираше со протести на неколку илјади граѓани низ ценарот на Софија со барање за оставка на Владата и одржување нови избори.

По првичните протести, Певски уште во сабота поднесе оставка на функцијата на која што беше избран, што беше веднаш прифатено од страна на премиерот. Орешарски, чија влада беше избрана пред две недели, изјави дека при изборот на новиот директор на ДАНС ќе побара јавна поддршка.