1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Орден за заслуги на Германија доделен на тројца македонски државјани

Македонскиот дипломат Срѓан Керим е одликуван со највисок Орден за заслуги на Сојузна Република Германија. Претходно ова виско одличје им беше врачено на лингвистот Олга Тројачанец и професорот Илија Џонов.

default

Германската амбасадорка Улрике Мариа Кноц и македонскиот дипломат Срѓан Керим

Германската амбасадорка во Македонија, Улрике Мариа Кноц му го врачи највисокиот Орден за заслуги на Германија, на Срѓан Керим, доскорешен претседател на Генералното собрание на ОН и поранешен македонски амбасадор во Германија. Орденот за заслуги е највисокото одличје што еден странски државјанин може да го добие од германскиот претседател Хорст Келер.

Амбасадорката Улрике Мариа Кноц, на свечената пригода во Скопје истакна: „Многу длабоко сте поврзани со германската култура и затоа дозволете ми да го цитирам Томас Ман, кој еднаш рекол, дека не постои чувство кое човекот го исполнува со повеќе среќа, отколку чувството на благодарност. Многу ме радува што денес можам да Ви ја пренесам благодарноста на мојата земја,“ подвлече германската амбасадорка.

Македонскиот дипломат Срѓан Керим, кој орденот го доби за осoбени заслуги за унапредување на односите меѓу двете земји, од своја страна истакна дека признанието има големо значење за него: „Знам дека се’ она што го работев за доброто на Македонија, пријателство со Германија беше поттикнато секогаш од еден мотив: да бидеме пријатели и да доживееме вакви мигови, како овој, еден така уважен висок претставник на Германија, амбасадорката Кноц, да зборува македонски јазик,“ рече Керим.

Срѓан Керим е третиот македонски државјнин, кој во последниот месец го доби ова високо одликување од германската амбасадорка. Претхдно награди добија лингвистот Олга Тројачанец, а со орден се закити и професорот Илија Џонов.