1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Орбан ветува „нула толеранција“ за антисемитизмот

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вети остар курс против антисемитите. Тој зборуваше на отворањето на годишното собрание на Светскиот еврејски конгрес во Будимпешта.

Непријателството кон Евреите е „неприфатливо“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан пред околу 600 делегати на собирот на Светскиот еврејски конгрес. „Имаме морална обврска за нула-толеранција кон антисемитизмот“, рече Орбан, нагласувајќи дека неговата влада бара решенија за борба против антисемитизмот кој, како што рече тој, е последица на економската криза во земјата.

Орбан со својот говор не делуваше убедливо врз делегатите на конгресот, кои оценуваат дека тој не се осврнал на „антисемитистичките или расистичките инциденти“ во земјата. Еврејскиот конгрес свесно ја избра Унгарија за одржување на годишното собрание, со намера да даде знак на солидарност со Евреите во таа земја, во време кога во Унгарија има се‘ повеќе антиеврејско расположение. Во саботата (04.05) десноекстремната партија Јобик (трета по јачина сила во парламентот, н.з.) одржа демонстрации со повик на „антиболшевистички и антиционистички протест“. Десните радикали ги обвинија Евреите за „злосторствата на комунизмот“.

Денеска на Светскиот еврејски конгрес треба да зборува и германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле. Светскиот еврејски конгрес се одржува секои четири години и завршува утре (07.05).