1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Орав: Најдете соговорник за името

Евромабасадорот Аиво Орав во врска со идните евроинтеграции на Македонија повика на поголема конструктивност за изнаоѓање решение за спорот за името.

Најдете соговорник на другата страна, порача евроамбасадорот Аиво Орав во неделното интервју на Радио Слободна Европа, одговарајќи на прашање во врска со спорот за името меѓу Македонија и Грција.

„Најдете соговорник на другата страна, и доколку некој изјавува дека не може ништо да се направи, мислам дека тоа e едноставно неконструктивно“, вели Орав.

Според него, светот ќе биде подобар денот откако ќе се реши ова прашање. „ЕК, многу од земјите членки, исто така и Кристијан Даниелсон, минатата недела овде во Скопје, ги охрабри двете страни да изнајдат компромис колку што е можно побрзо за да продолжат да се развиваат работите меѓу вашата земја и ЕУ“, рече евроамбасадорот.

Тој додаде дека процесот на проширување на Унијата продолжува. „Проширувањето на ЕУ продолжува, сега гледаме дека Хрватска е веќе внатре, Црна Гора чука на вратата, Србија се приближува сѐ поблиску и поблиску, а се надеваме дека и Албанија ќе стане земја кандидат, така што ние поприлично се надеваме дека и во оваа земја работите ќе се придвижат и се обидуваме да помогнеме колку што е можно. Сите конструктивни идеи од Владата, од опозицијата, се добредојдени и сите нив ги разгледуваме многу сериозно“, порача Орав.

Поврзана содржина