1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Општи избори во Србија

Граѓаните на Србија денеска (06.05) избираат претседател на државата, гласаат за 250 пратеници во републичкиот парламент, за 120 пратеници во покраинскиот парламент во Војводина и одборници во градските совети и општини.

На изборите за претседател учествуваат 12 кандидати. На парламентарните избори пак, има 18 изборни листи, од кои шест се малцински, додека за 250-те места во републичкиот парламент во трка се над три илјади кандидати.

Вкупниот број избирачки места во Србија и во странство изнесува 8.390, а на нив ќе може да гласаат 7.026.579 граѓани. Изборите се спроведуват и на територијата на Косово, и тоа на 90 избирачки места, а гласовите ќе бидат

преброени во Рашка и Врање. За гласање во странство на овие избори се отворени 38 избирачки места во 22 земји, што е двојно помалку во однос на 2008 година. Избирачките места во Србија се отворени во7 часот, а ќе се затворат во 20 часот.

Републичката изборна комисија конечните резултати од претседателските и парламентарните избори треба да ги објави во рок од 96 часа од затворањето на избирачките места. Новиот состав на парламентот треба да биде конституиран најдоцна до 10 јуни, односно најдоцна во рок од 30 дена од прогласувањето на конечните резултати. Новата влада на Србија би требало да биде избрана во наредните три месеци.