1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Општините бараат поголема контрола на концесионерите

Македонските општини бараат државата да овозможи тие да ја контролираат експлоатацијата на минерални богатства и да го зголеми тарифникот за нивна проценка. Тоа ќе значи поголеми приходи како за нив така и за државата.

default

Прилеп

Наплатата на концесиските надоместоци за експлоатација на минералните богатства за повеќе македонски општини значи голем прилив на средства  во нивните буџети.

Општина Прилеп пред околу една година пред надлежните во Министерството за економнија и ЗЕЛС го има покренато а сега одново го актуелизира прашањето за корекција на тарифникот по кој концесионерите на минерални богатства плаќаат надомест за нивна експлоатација.

Неопходна е корекција на тарифникот

Иако се работи за ставка која е многу значајна и бележи постојан пораст во наплатата во општинскиот сектор за буџет располагаат со сознанија дека сумата од 18.000 денари на колку државата го проценува мермерниот блок од еден метар кубен е неколкукратно помала од онаа што концесионерите ја остваруваат при продажбата во странство, вели раководителот Драге Ѕвездакоски:

Prilep, Mazedonien

Прилеп

„ Има огромна диспропорција меѓу цените кои концесионерите ги постигнуваат и она што државата согласно на тарифникот им го признава - 18.000 денари за еден комерцијален блок. Додека концесионерите при извозот добиваат 800-900 па и до 1200 евра од еден метар кубен комерцијален блок. Ние како општина сме оштетени на овој план и бараме тарифникот да биде корегран и да биде приближен на оние цени кои концесионерите ги постигнуваат при реалиазацијата на нивните производи“. 

Концесионерите го прикриваат експлоатираното

Постојат сомневања дека поголем дел од концесионерите не доставуваат веродостојни податоци за  експлоатираните количините. И затоа ние и некои други општини како Кавадарци, Крива Паланка, Радовиш, Пробиштип бараме  општините да добијат дозвола на своја територија да ја вршат контролата на експлоатацијата на минералните суровини, вели Ѕвездакоски:

„ Ние се сомневаме дека концесионерите добар дел успеваат да го прикријат од експлоатираното од Рударскиот инспекторат при Министерството за економија. Кој не е ни кадровски ни бројно поткован да врши контрола на експлоатацијата на минерални суровини на целата територија на Република Македонија бидејќи располага само со неколку вработени. Ние како Општина би вработиле повеќе рударски инжењери кои целосно би ги покривале концесионерите“.

Зголемување на приходите

На територијата на прилепска општина има 34 концесионери кои експлоатираат главно мермер и гранит. Во периодот јануари август како концесиски надоместоци во општинската каса се слеле 23,4 милиони денари и тие учествуваат со 12% од вкупниот општински буџет. Бидејќи се работи за вака значајна ставка доколку се усвојат барањата таа сума не само за Прилеп туку и за буџетите на останатите општини, на чие подрачје се врши експлоатација на минералните суровини, би била неколкукратно поголема и би се користела за подобрување главно на локалната инфраструктура и за реализација на други капитални проекти.                                                                                                    

Автор: Петар Димоски, Канал 77

Редактор: Симе Недевски