1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Општа жалост за авионската трагедија

Повеќемина шефови на држави и влади и политичари изразија длабока погоденост и сочувство до полскиот народ по загинувањето на полскиот претседател Лех Качински.

default

Во Полска луѓето се запишуваат во книги на жалоста

Рускиот претседател Дмитри Медведев изјави дека е потресен поради смртта на полскиот претседател Лех Качински и вети целосно расветлување на авионската катастрофа. Тој најави говор со кој ќе се обрати до полската нација.

Polen Flugzeugabsturz Trauer

Свеќи пред претседателската палата во Варшава

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Полска, САД и целиот свет се потресени од смртта на полскиот претседател. Обама изрази најдлабоко сочувство до народот и Владата на Полска.

Европската унија и повеќе европски држави изразија денеска сочувство за смртта на полскиот претседател Лех Качински. Шпанското претседателство на ЕУ изрази солидарност кон Полска и нејзиниот народ. Шпанскиот министер за надворешни работи Мигел Анхел Моратинос изјави дека испраќа „порака на солидарност и поддршка во овој важен момент за сите Полјаци и сите Европејци“. Претседателот на Европскиот парламент, Јежи Бузек, кој е по потекло од Полска, изјави дека Европа со претрпе голема загуба, ниеднаш порано не загинале толкав број истакнати личности од некој народ во авионска несреќа.

Меркел сочувствува со полскиот народ

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази шокираност од трагедијата:

Angela Merkel bekundet Beileid zu Flugzeugabsturz in Russland

Ангела Меркел

„Би сакала само да кажам дека сум длабоко погодена поради авионската несреќа и загинувањето на полскиот претседател.“ Слична изјава даде и германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле кој е на турнеја во Африка.

Британскиот премиер Гордон Браун истакна дека е шокиран и мошне вознемирен поради смртта на полскиот претседател. „Лех Качински беше еден од најважните актери во современата политичка историја“, рече Браун.

Францускиот претседател Никола Саркози изјави дека по оваа тешка трагедија, која ја турна Полска во длабока жалост, Франција и Полска се поврзани со тесни пријателски врски, кои ги обединуваат и нивните народи.

И Италија иразува сочувство до народот и институции на Полска, со соопштение на министерот за надворешни работи Франко Фратини.

Македонија добро ја знае ваквата болка

George Ivanov von VMRO DPMNE

Ѓорге Иванов

И македонскиот претседател Ѓорге Иванов изрази сочувство до полскиот народ: „Република Македонија ја почувствува болката и знае како е на ваков трагичен начин да загуби лидер и државник. Се’ уште во нашите мисли и спомени живее ликот и делото на претседателот Борис Трајковски“, наведе Иванов и истакна оти е сигурен „дека името на претседателот Качински ќе остане врежано во меморијата на полскиот народ.“

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изрази длабоко сочувство поради загинувањето на полскиот претседател Лех Качински. „Од име на НАТО и од мое лично име изразувам најдлабоко сочувство до народот на Полска и до семејството на претседателот, како и до семејствата на сите кои загинаа во ужасната несреќа“, се наведува во телеграмата со сочуство на Расмусен.

Папата Бенедикт Шеснаесетти му изрази сочувство на полскиот народ, поглаварот на римокатоличката црква на семејствата на настраданите им порача дека ќе се моли за нивните најблиски.

Автор: ЖА/АТ/дпа/афп/ап/ртр

Редактор: Александра Трајковска