1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Опцијата за трансатлантска ренесанса е одложена

Обновата на довербата меѓу САД и Европа по откривањето на документите од НСА не се случи во Минхен. Европејците сега треба да тргнат по друг пат за да го притиснат Вашингтон да ја реформира НСА, коментира Михаел Книге.

Во суштината Минхенската безбедносна конференција е место за трансатлантски политички дијалог и размена на идеи. Иако конференцијата со текот на годините драматично го прошири својот геополитички фокус, сепак тој факт важи и 50 години по нејзиниот почеток.

Па така, што би можело да биде подобар форум за решавање на суштината на трансатланскиот спор кој се разви од објавувањето на документите од НСА? Многу германски експерти се надеваа дека ова ќе биде местото каде Берлин ќе прими јасен сигнал, којшто постојано го бара од Вашингтон од откривањето дека НСА ги шпионирала дури и германските граѓани, па дури и мобилниот телефон на канцеларката Ангела Меркел.

Тие беа разочарани. За да бидат сигурни, со државниот секретар и министерот за одбрана - Џон Кери и Чак Хејгел, и голема конгресна делегација, САД во Минхен испратија политичари од тешка категорија. Во своите обраќања Кери и Хејгел речиси целосно ја заобиколија дебатата за НСА. Тие ниту еднаш не ја споменаа шпионската агенција. Кери алудираше на најчувствителното прашање што ги оптоварува односите со споменувањето на „трансатлантската ренесанса“.

Тој нагласи дека претседателот Барак Обама наредил ревизија на разузнавачката пракса, како и дека американската демократија секогаш е добра во поправањето на она што треба да се поправи. Додека официјалното извинување, на кое некои се надеваа, никогаш не беше планирано, длабоките трансатлантски односи - на кои се постојано се осврнуваа Кери и Хејгел во своите забелешки, се и подобро нешто од она што можеше да се добие.

За Европејците загрижени за американското масовно следење молчеливоста на Кери за време на патувањето во Минхен и Берлин значи две работи. Прво, шансите за сеопфатна реформа на НСА, од страна на администрацијата на Обама, се еднакви на нула. Пораката што Кери им ја испрати на европските партнери беше: „Ајде да продолжиме натаму, сега ги разбираме вашите грижи и на ова ќе работиме заеднички“. Ова исто така значи дека проектот на германската влада за првано обврзувачки билатерален договор за нешпионирање е сѐ само не мртов. Второ, бидејќи се чини дека администрацијата на Обама за ова прашање не би правела нешто повеќе во скоро време, Европејците би требале да фатат поинаков курс.

Deutsche Welle Englisch Michael Knigge

Михаел Книге, автор на коментарот

Наместо да се фокусира на Белата куќа, Европа би требала да гледа кон Конгресот. Некаква значајна реформа во НСА веројатно нема да дојде од администрацијата на Обама, туку од американските законодавци. Таму сега има широка коалиција меѓу републиканците и демократите во Конгресот, кои притискаат со закон да се зауздаат активностите на НСА, на пример преку Законот за слобода.

Европските функционери и законодавци би требале да стапат во контакт со нивните колеги во САД и да ги поддржат и да се консултираат со нив за нивната работа. Освен тоа, Европејците треба да ја одржуваат во живот јавната дебата за балансот меѓу разузнавањето и приватноста, додека се одржува притисокот врз американските интернет компании за и тие да побараат од Конгресот реална реформа во НСА.

Додека вестите за трансатлантската ренесанса се несозреани, Европејците сега не треба да се повлекуваат и да жалат за пропуштените пораки за прашањето што ги мачи. Наместо тоа, тие треба случајот да го изнесат пред американските законодавци - претставниците на американскиот народ. Таму тие ќе најдат поотворени уши за слушање отколку што некои сметаат.