1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Оптимизмот полека спласнува!?

Изборот на новиот српски поглавар ги подгреа надежите за решавање на македонското црковно прашање, но оптимизмот спласнуваа по неговата прва официјална изјава на оваа тема-автономија, но не и автокефалност за МПЦ.

default

МПЦ очекува нови сигнали од СПЦ

Македонската православна црква очекува уште на првата наредна седница на Светиот сабор српската црква да го стави на дневен ред спорот со МПЦ. Црковната делегација која присуствуваше на устоличувањето на новиот српски поглавар е задоволна од контактитите во Белград. Митрополитот Петар за Дојче веле вели дека на патријархот Иринеј му се пренесени очекувањата во Македонија.

“Успеавме да му кажеме дека очекуваме од него дополнителни напори за решавање на спорот, тој рече дека не зависи само од него туку и од други фактори“.

МПЦ не е подготвена на отстапки

Изборот на новиот српски поглавар ги подгреа надежите за решавање на македонското црковно прашање, но оптимизмот спласнуваа по неговата прва официјална изјава на оваа тема. Српскиот патријарх Иринеј прашан за спорот за српските медиуми вели дека МПЦ треба да стапи во заедница со СПЦ, во чии рамки би имала целосна автономија, но не и афтокефалност. Македонската црква пак не е подготвена за дополнителни отстапки вели владиката Петар:

“Не можеме да се враќаме назад од она што сме го добиле во нашата црква уште од 1959 година со одлука од кај нив од Белград. Тоа подразбира дека не може некој нам да ни избира архиереи или поглавар, тоа значи наше самостојно делување во секој поглед“.

Освен ваквите тврди непопустливи ставови дополнителен проблем претставува Вранишковски. За неговата ПОА српскиот поглавар вели:

“Постои официјална македонска црква, која македонските владици не ја признаваат, а сите други цркви ја признаваат. Сега ќе треба напор и од нивна страна за меѓусебно да го решат тој проблем “.

Serbien Kirche neuer Patriarch Irinej Gavrilovic

Иринеј со пораки кои не ветуваат многу

МПЦ од своја страна не сака да слушне за разговори со Вранишковски.

“Ние можеме да разговараме за него, но нема да разговараме со Вранишковски“.

ПОА на Вранишковски е непризната верска група во Македонија, која не успеа да се регистрира под неколку имиња.

“Секому е јасно дека тоа не е никаква црква туку фиктивна ерархија која има повеќе владици и свештеници отколку верници“

Во Македонија јакне уверувањето дека спорот меѓу МПЦ и СПЦ е повеќе политички отколку црковен и оти е нереално да се очекува да биде решен пред државата да го затвори проблемот за името.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска