1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Оптимизмот не попушта

Македонскиот премиер Никола Груевски се надева на позитивен извештај за Македонија, но не може да прогнозира дали ЕУ ќе определи датум за преговори за прием, по изјавите со скепса-дали ЕУ е заинтересирана за Балканот.

default

Речиси целиот македонски мини-кабинет задолжен за меѓународни односи во ист ден со доза на внимателност ги коментираше противречните изјави на одделни европолитичари дека Брисел не го сака проширувањето кон Балканот по приемот на Хрватска и затоа треба да биде искрен кон земјите, како што кажа Ерхард Бусек.

„Мислам дека последниве две-три години не се најповолните за ентузијастичко развивање на тој процес на проширување на ЕУ, но тоа не значи дека состојбата од денес не може да се смени на подобро утре“, коментираше министерот за надворешни работи на Македонија, Антонио Милошоски.

Erweiterungskommissar Olli Rehn und maz. Minitserpräsident Nikola Gruevski

Никола Груевски и еврокомесарот за проширување Оли Рен

Македонија исполни добар дел од обврските

Новиот вицепремиер задолжен за евроинтеграции, Васко Наумовски соопшти дека евроамбасадорите деновиве ја оценувале владината посветеност кон исполнување на одредниците од ЕУ:

„Македонија има завршено добар дел од своите обврски, претстои период во кој активностите треба да се заокружат, се надеваме дека на 14 октомври ЕК ќе препорача почеток на преговори,“ изјави Наумовски.

Но, шефот на Националниот совет за евроинтеграции, Радмила Шеќеринска, ја критикуваше одеднаш новата затвореност на владата кон исполнувањето на бараните одредници и таа изразува скепса дека владата сепак ќе ги исполни сите, зашто не се работи само за четирите еврозакони:

„Читајќи ги материјалите за проширување на ЕУ во последниве 20 години, сфатив дека многу куси биле периодите кога ЕУ била воодушевена од проширувањата. Секогаш постоела скепса, но сметам дека големите политички партии, претставени во Европскиот парламент, јасно дадоа на знаење дека Балканот ќе биде де од Европа.“

Шеќеринска оваа изјава ја даде по одделни скептични изјави дека ЕУ ќе го подзапре интересот кон Балканот.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Жана Ацеска