1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Опсежна операција на македонската полиција

Во потрагата по напаѓачите врз полициските „алфи“ иследните органи извршиле претрес и во стан на еден новинар на весникот на албански јазик „Коха“.

default

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска

Македонската полиција спроведе опсежна операција во потрага по сторителите на убиството на еден припадник на специјалните сили „Алфа“ пред Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во рамките на акцијата уапсени се 18 лица, меѓу кои наводно се наоѓа и еден од директните учесници во нападот. При претресите во 20-тина објекти во Скопје, Арачиново и во кумановскиот регион полицијата влегла и во станот на новинарот и соиздавачот на весникот на албански „Коха“, Арбен Раткоцери. Во редакцијата на весникот претресот го сметаат за атак врз слободното новинарство и најавуваат дека ќе ги известат амбасадорите и странските мисии во земјата. Полицијата, пак, тврди дека станува збор за чиста коинциденција што во широката операција бил претресен и станот на лице кои работи во весникот на албански „Коха“. Повеќе детали од звучниот прилог на Александар Чомовски.