1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Опсада на Бани Валид

Борците на Преодниот совет се подготвуваат за освојување на пустинскиот град Бани Валид, едно од последните упоришта на поранешниот владетел Моамер ел Гадафи.

default

Засилување за решавачката битка за Бани Валид

Преговорите за предавање на градот пропаднаа, така што и денеска се водат борби против силите лојални на Гадафи. „Имаше борби во Бани Валид. Нашите сили го истакнаа нашето знаме на најважните точки околу градот.“

Што се однесува до потрагата по Гадафи и неговите синови, бутовниците не можат да се пофалат со голем успех. Затоа, пак, се чини дека го решија проблемот со водоснабдување во главниот град Триполи.

„Пред малку стигна информацијата дека нашите сили ја имаат контролата врз водоснабдувањето. Веќе во наредните денови сите ќе имаат доволно вода.“

Libyen Rebellen in Bani Walid

Бунтовниците нагласуваат дека се’ уште има можност силите на Гадафи да се предадат

Голем проблем со оставеното оружје

На западот од Триполи бунтовниците најдоа повеќе од 6.000 нагазни мини скриени во лозје, во близина на една воена база.

„Полека, но сигурно донесуваме стабилност во земјата. Една од најважните цели ни е оружјето да не допадне во погрешни раце. Во меѓувреме, по шест месеци војување, знаеме како да се однесуваме со оружјето, тоа го научивме...“

ЕУ меѓутоа се плаши дека оружјето што зад себе го оставаат силите лојални на Гадафи би можело сепак да падне во раце на оружени банди.

Овој прилог можете да го видите и како видео на денот на нашата страница.

Автор: Дитер Херман / Горан Чутаноски

Редактор: Симе Недевски