1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Опомена од избирачите за владата во Виена

Избирачите и‘ испратија опомена на коалцијата во Виена-иако Социјалистичката и Народната партија повторно имаат мнозинство, тие претрпеа големи загуби. Во парламентот влегуваат и десните популисти, но и либералната НЕОС.

На изборите за новиот состав на австрискиот парламент коалицијата од Социјалистичката и Народната партија освои тесно апсолутно мнозинство, и покрај загубите од по 2,2 проценти.

Социјалистичката партија, според првичните официјални резултати, освои 27,1 процент гласови, додека Народната партија доби поддршка од 23,8 проценти од гласачкото тело. Досегашниот канцелар од редовите на Социјалистичката партија Вернер Фајман се изјасни за продолжување на досегашната владина коалиција. На изборите десните популисти и евроскептичари од Слободарската партија на Австрија добија поголема поддршка за 3,9 проценти и освоија вкупно 21,4 проценти од гласовите. Изборниот резултат го подобрија и Зелените со освоени 11,5 проценти. Во Парламентот во Виена за првпат ќе влезе и евроскептичната партија на милијардерот Франк Штронах. Таа освои 5,8 проценти.

Исто така и либералната проевропска партија НЕОС со 4,8 проценти влегува во Парламентот, со оглед на тоа што во Австрија се потребни најмалку четири проценти гласови за влез на една партија во Парламентот. Оваа партија ќе има девет мандати. Овој сојуз како „разглас на граѓаните“ има намера да се залага за спроведување на, како што сметаат, веќе одамна потребните реформи на пензискиот и образовниот систем во земјата.