1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Опозицијата ја обвинува антикорупционерката Димовска

Опозицијата иницираше интерпелација за работата на Мирјана Димовска, претседател на Државната антикорупциска комисија, незадоволна од резултатите во справувањето со корупцијата.

default

Интерпелација за Мирјана Димовска во парламентот

На моменти жестоката дебата за работата на шефицата на антикорупциската комисија Мирјана Димовска ќе биде и долга. Опозиционерите не штедат зборови за да докажат колку Димовска е недостојна за функцијата, а пратениците од власта ја бранат. Наместо да се бори против корупцијата, Димовска го легализира криминалот на власта, обвини Игор Ивановски од СДСМ: „Во оваа држава има криминал и корупција во невидени размери“, рече тој.

Главен аргумент на вмровските пратеници е дека Димовска е член на колективно тело какво што е Државната комисија за спречување на корупцијата. Според нив, показател дека Македонија остварува резултати во сузбивањето на корупцијата се рангирањата на релеватните меѓународни институции.

„Не се кажа ништо конкретно што направила Мирјана Димовска“, рече Благородна Дулиќ.

Опозицијата критикува дека Димовска не презема соодветни мерки

Опозиционерот Јани Макрадули ги цитираше оценките на медиумите и експертите за

Symbolbild Korruption

Корупцијата е еден од најтешките проблеми на македонското општество

работењето на Димовска, како „Антикорупциска како приврзок не треба да постои, Димовска само глуми антикорупционерка“; „Антикорупциска во дупка“; „Димовска само кај себе не гледа судир на интереси“; „Новинарката Димовска со куп функции ќе се бори против корупција“...

Опозицијата која ја поднесе интерпелацијата и‘ забележува на Димовска дека не постапувала по анкетните листови за имотната состојба на актуелните функционери и не иницирала истрага за ниту еден контроверзен случај.

„Ѓ-ѓо Димовска, колку пари имате вие од тоа?“, праша Игор Ивановски.

Димовска се брани

Димовска рече дека резултатите од работата на комисијата со која таа раководи се нотирани во извештајот за 2009 година.

„Во извештајот се поместени сите проекти кои комисијата ги спроведуваше во изминатата година, податоци кои фрлаат реална слика и врз она што е дадено во образложението на предлагачите на интерпелацијата.“

Корупцијата е еден од најтешките проблеми на македонското општество и сериозна пречка во евроинтегративниот процес на земјата. Македонија во 2009 беше рангирана на подобра позиција за едно место според индексот на корупција што ја изготвува Транспаренси интернешнл. Во претходните години, земјата бележеше значително поголеми скокови на светската ранг листа. Во рангирањето за 2009 е на 71 место, во друштво со Бугарија, Романија и Грција.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM