1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Опозицијата ја бојкотира седницата на парламентот во Мјанмар

Лидерката на опозицијата во Мјанмар Аунг Сан Су Чи и новоизбраните пратеници од редовите на нејзината партија ја бојкотираат првата седница на парламентот.

Myanmar's pro-democracy leader Aung San Suu Kyi addresses supporters and reporters from behind the gates of the National League for Democracy (NLD) office in Yangon April 2, 2012. Aung San Suu Kyi won a seat in parliament on Sunday, her party said, after an historic by-election that is testing the country's nascent reform credentials and could persuade the West to end sanctions. REUTERS/Damir Sagolj (MYANMAR - Tags: ELECTIONS POLITICS PROFILE HEADSHOT)

Aung San Suu Kyi nach der Wahl ins Parlament von Myanmar

На отворањето на парламентарната сесија во Мјанмар не присуствуваше ниту еден член на Националната лига за демократија, чија лидерка Аунг Сан Су Чи е добитничка на Нобеловата награда за мир. Причина е спорот околу текстот за полагање на заклетва на функцијата. Су Чи и другите 36 пратеници од нејзината партија одбивааат да положат заклетва дека ќе го заштитуваат уставот, кој според нивните гледишта и’ дава неограничена моќ на војската. Тие бараат промена на текстот на заклетвата каде наместо „заштитување“ на уставот предлагаат да стои „почитување“. Надежите дека претседателот Теин Сеин ќе попушти пред нивните барања засега не се остваруваат. За време на посетата на Јапонија, поранешниот генерал изјави дека Су Чи мора самата да одлучи дали сака да седи во парламентот или не.

ЕУ укинува дел од санкциите за Мјанмар

Европската Унија најави дека делумно ќе ги укине санкциите против Мјанмар, поранешна Бурма, како одговор на продемократските реформи во оваа азиска држава. Притоа, на пример, ќе бидат укинати забраните за увоз на стоки и услуги од Мјанмар, како и забраните за влез во ЕУ на високи претставници на владата во оваа земја. Конечната одлука за укинување на санкциите треба да ја донесат министрите за надворешни работи на ЕУ на денешната средба во Луксембург. Во сила ќе остане забраната за извоз на оружје во Мјанмар.