1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Опозицијата со кривична пријава за Вељановски

Сојузот за иднината поднел кривична пријава против претседателот на македонското собрание Трајко Вељановски, беше соопштено денеска за време на протестот на опозицијата на три главни крстосници во Скопје.

На 24-ти декември, на „црниот понеделник“ бил прегазен  Уставот, Законот за Собрание и Деловникот, а пратениците и медиумите биле насилно исфрлени,  па затоа Сојузот за иднината бара одговорност од оние кои го наредија тоа, па поднесоа кривична пријава за спикерот Трајко Вељаноски, соопштија денеска во опоyициската коалиција

„Оттаму, какви било иницијативи за надворешни, домашни, комбинирани, наводни комисии за дополнително утврдување на фактите, не претставува ништо друго, освен  бегање од одговорноста на оние кои ги наредија и спроведоа настаните од црниот понеделник“, изјави Игор Ивановски од СДСМ, на протестот организиран во денеска  на три главни крстосници во Скопје.

Тој смета дека одговорноста мора да се понесе, како политичка, така и законска, и од тие причини во понеделник до скопското јавно обвинителство поднесена е кривична пријава против лицето Трајко Вељаноски, за злоупотреба на службената положба  и овластување, потпишано од 42 пратеници.

Trajko Veljanovski, Maz. Parlamentspräsident, Skopje, Mazedonien, 11.01.2008

Претседателот на македонското собрание Трајко Вељановски

„Ова е добар тест за новиот јавен обвинител Марко Зврлевски веднаш да постапува по неа. Дополнително сакаме да кажеме дека е недозволиво и срамно, секогаш кога политичките претставници од ВМРО-ДПМНЕ, од  врхушката, таа мала група, ќе  се соочат  со сопствениот народ и со сопствената одговорност за неуставното и незаконското работење, да се кријат зад институциите“, додаде Ивановски.

Смета дека ниту Гордана Јанкуловска е МВР, ниту таа е 12 илјади полицајци, туку дека е само дел од политичкото-партиско тело коешто ја „киднапира и злоупотребува полицијата за партиски цели“.

„И во таа смисла и лицето Трајко Вељаноски не е Република Македонија , ниту Собрание на Република Македонија , тој е само еден од пратениците и тоа оној кој што нареди да се погази парламентарната демократија“,додаде Ивановски.

Затоа, сметаат од Сојузот за иднината, мора да се соочат со политичката и со законската одговорност и да престанат да манипулираат, да се кријат зад институциите, секогаш кога ќе треба да се соочат со одговорноста.