1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Опозицијата протестираше пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Денешниот протест на коалицијата „Сојуз за иднината“ пред седиштето на владејачката партија помина мирно и без индиденти. Притоа беаше најавено продолжување на протестите по новогодишните празници.

Коалицијата „Сојуз за иднината“ денеска одржа протестен собир пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје против, како што истакнаа, уривањето на демократијата и прекршувањето на Уставот по случувањата во Собранието во понеделникот, 24.12.2012.

Од опозицијата најавија дека по новогодишните празници, односно од среда, од 18 до 19 часот, во Скопје и во сите останати градови ќе продолжат со протестите и одржувањето на т.н. народни парламенти.

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски оцени дека од понеделникот наваму веќе Македонија не е ниту правна, ниту демократска држава.

„Од понеделникот целиот наш народ е ставен пред следниот избор - или ќе прифатиме да наведнеме глава или ќе се кренеме и ќе се бориме за нашата слобода и демократија. За нас во СДСМ и во Сојузот на иднината одлуката е веќе одамна донесена. Враќање назад нема“, рече Црвенковски.

Им посака на граѓаните 2013 да биде година кога храброста ќе го порази стравот во Македонија.

Според почесниот претседател на Либералната партија и прв претседател на Собранието, Стојан Андов, во понеделникот во македонскиот Парламент била укината демократијата и противуставно собраниската седница била претворена во затворена.

На протестот се обратија и лидерот на ЛДП, Адреј Жерновски, координаторот на НСДП, Горан Мисовски и претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов.

Денешниот протест на опозицијата пред седиштето на владејачката партија помина мирно и без индиденти. Собирот го обезбедуваше полицијата и за време на неговото одржување беа затворени за сообраќај дел од улиците во цетралното градско подрачје.