1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Опозицијата на Мијанмар подготвена за дијалог

*

По повеќе од три години изолација на водачот на опозицијата во Мијанмар, Аунг Сан Су Чи и беше дозволено да зборува пред водечките членови на нејзината партија Национална лига за демократија. Таа изрази подготвеност да соработува со воената влада и истовремено ја потврди и намерата да го продолжи процесот за национално помирување и демократизација. Носителката на нобеловата награда за мир оствари средба и со високи претставници на воениот режим во земјата.