1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Опозицијата на Мијанмар подготвена за дијалог

*

Водачот на опозицијата во Мијанмар, Аунг Сан Су Чи изрази подготвеност да соработува со воената влада. Истовремено ја потврди и намерата да го продолжи процесот за национлано помирување и демократизација. Во Јангун, Су Чи повторно беше примена од министерот за труд Аунг Чи, именуван од воената хунта за контакт лице со опозицијата. На политичарката која е во домашен притвор, за првпат по три години и беше дозволено да зборува пред водечките членови на нејзината партија Национална лига за демократија.