1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Опозицијата најавува отпор

Ситуацијата во Пакистан и натаму е затегната. Вчерашните демонстрации на адвокатите полицијата ги растури со употреба на сила. Лидерката на опозицијата Беназир Буто за петок најави масовни протести.

default

Беназир Буто реши да му се спротивстави на Мушараф

Пакистанскиот претседател – генерал, Первез Мушараф е под силен притисок. Вчера попладне во Исламабад пристигна лидерката на опозицијата Беназир Буто, која денеска треба да се сретне со водачите на другите опозициони групации. Целта би била: заеднички отпор против вонредната состојба. Буто за петок планира масовни демонстрации на нејзините приврзеници во Равалпинди. „Ако ништо не презмеме, Мушараф може да помисли дека нацијата го поддржува. Бараме од владата веднаш да ги ослободи затворените судии. На тој начин не можат да се решат проблемите. Политичките прашња мораат мирно да се решаваат. Ако Мушараф сака бргу да ја реши кризата тогаш мора да се вратиме на уставноста и да се знае датум за нови избори, подеднакво како и датум кога Мушараф ќе поднесе оставка како шеф на армијата„.

Буто уште дополни дека додека не се случи тоа, нема ни основа за разговори со претседателот. Мушараф од своја страна изјави дека е решен да ја симне униформата, но дури тогаш кога ќе бидат извршени коректури во судството, егзекутивата и во парламентот. Тогаш, како што вели, ќе завладее хармонија. Со претставниците на владата Мушараф има намера да разговара за временски план за одржување парламентарни избори.