1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Опозицијата е подготвена да разговора за нов претседател

Германската канцеларка Ангела Меркел најави заеднички разговори со опозицијата за наследник на Кристијан Вулф, а опозиционерите веднаш потоа сигнализираа дека се подготвени за разговор!

default

Кристијан Вулф попушти под притисокот

По критиките што траеја неколку недели и барањето на обвинителството во Хановер да му биде укинат имунитетот, Сојузниот претседател Кристијан Вулф поднесе оставка. Раководни политичари од владејачките партии (ЦДУ, ЦСУ и ФДП) изразија почит за одлуката на Вулф. Повлекувањето од функцијата го поздрави и опозицијата и веднаш даде до знаење дека е подготвена да разговара со канцеларката Меркел околу наследник на Вулф.

Генералниот секретар на ЦДУ Херман Грее му се заблагодари на Вулф за неговата работа и рече дека Германија ја прима до знаење оставката „со голема почит и жалење“. Шефот на пратеничката група на ЦСУ Герда Хаселфелд, пак, изјави дека Вулф „и‘ даде на Германија модерно, отворено кон светот и толерантно лице“. Шефот на либералите и министер за економија, Филип Реслер, нагласи дека ја почитува оставката на Вулф и најави итни разговори на коалиционите партнери околу кандидати за наследник.

Deutschland Bundespräsident Christian Wulff im Silhouette mit Fragezeichen

Кој ќе го наследи Вулф?

Шефот на опозиционите социјалдемократи, Зигмар Габриел, изјави дека околу наследникот на Вулф и‘ нуди на Меркел „отворени и фер разговори, без партиско тактизирање“. За „Госларшен цајтунг“ Габриел рече: „Потребна ни‘ е личност која ќе ја врати репутацијата на функцијата“.

Партијата на Зелените, која исто така е во опозиција, ја поздрави најавата на канцеларката за заеднички кандидат. Претседателот на пратеничката група на Партијата на левицата, Грегор Гизи, пак, рече: „Мислам дека господин Вулф требаше да даде оставка порано“, додавајќи дека така немало да дојде до нанесување штета на функцијата Сојузен претседател.

Автор: ЕМФ/ дапд

Редактор: А. Трајковска