1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Опозицијата го напушта градското собрание во Киев

Во главниот град на Украина опозицијата се повлекува од запоседнатото градско собрание на Киев. Исто така и во други делови на земјата владините противници се повлекуваат од окупирани објекти.

Со повлекувањето опозицијата го исполнува централното барање на претседателот Виктор Јанукович. Собранието е речиси целосно расчистено, изјави водачот на протестот Руслан Андријко за агенцијата Афп, додека од зградата излегувале голем број демонстранти. Владините противници меѓутоа ќе останат пред зградата на градското собрание во Киев и натаму протестирајќи против претседателот Јанукович.

Претходно швајцарскиот амбасадор Кристијан Шененбергер и водачот на опозиционото движење Руслан Андрејко потпишаа акт на предавање на објектот. Градското собрание беше запоседнато на 1. декември, откако силите за безбедност насилно ги растурија студентските протести. Оттогаш тоа се смета за „Главно седиште на револуцијата“ во Украина.

Амнестија за опозиционерите

Јанукович на опозицијата ѝ постави рок за расчистување на запоседнатите јавни објекти и плоштади до понеделник. Повлекувањето од јавните објекти е услов за да стапи во сила аместијата за демонстрантите уапсени при протестите, која беше усвоена пред две недели.

Украина од крајот на ноември минатата година е погодена од делумно насилни протести, предизвикани од одлуката на претседателот Јанукович, под притисок на Москва да не го потпише Договорот за асоцијација и слободна трговија со ЕУ. За денеска напладне во Киев се повторно планирани протести. Опозицијата и натаму бара оставка на Јанукович како и промена на Уставот и одржување на нови избори.