1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Опозицијата во Киргистан формира преодна влада

По протестите против владата во Киргистан, во кои загинаа 65, а околу 400 луѓе се ранети, опозицијата ја презела власта и ќе формира преодна влада. Владата на претседателот Куманбек Бакијев веројатно побегнала од градот.

default

Демонстрантите во Киргистан

Опозицијата ја презеде контролата над владината зграда, пред која се собрани стотици одушевени граѓани. Според очевидци, претседателот Бакијев побегнал во градот Ош на југот на земјата.

Официјално, на телевизијата тоа не беше потврдено: „Не е јасно каде се наоѓа киргистанскиот претседател Бакијев. Постојат противречни изјави, можно е да се крие во

Kirgisistan Proteste

Протести во Киргистан

американската воена база“, беше соопштено преку телевизијата.

Неговите противници го обвинуваат за корупција и непотизам, за ограничување на слободата на мислење. Населението е огорчено и поради растечките цени и лошата економска состојба, околу една третина од 5,3 милиони жители живеат под границата на сиромаштија: „Народот е незадоволен, пред се‘ младите, тие немаат ништо. Кај нас веќе одамна нема никаква работа, се жали еден од демонстрантите.“

Вчера илјадници од нив провалија во владиното седиште, ги запалија канцеларите на обвинителот и ја ограбија централата на државната телевизија. Полицајците во главниот град стрелаа во масата која го нападна владиното седиште. Според опозицијата, убиени се стотина лица.

Oppositionspolitikerin Rosa Otunbajewa

Опозиционата политичарка Роза Отунбајева

Преодната влада според опозицијата ќе остане на функција шест месеци за да подготви претседателски избори и да подготви нов устав. Отунбајева, која треба да ја предводи, е поранешна министерка во владата на Бакијев, кој на власт е од 2005 година.

Русија, САД и Германија ги повикаа двете страни во Киргистан на разум. Земјата за Запад има голем стратешки интерес, тука САД имаат своја воена база, преку која обезбедуваат дотур во Авганистан. Своја база во Киргистан има и Русија, а Германија своја амбасада како единствена држава од ЕУ.

Автор: ЖА/СН/дв/дпа/ртр/ап

Редактор: Александра Трајковска

Поврзана содржина