1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Опозицијата ветува нов пат

По крвавите протести во Киргистан, опозицијата ја презеде власта во земјата. Предводникот на опозицијата Роза Отунбајева побара од избеганиот претседател на државата Курманбек Бакијев да поднесе оставка.

default

Она што го направивме вчера е одговор на тиранијата на режимот на Бакијев, може да се нарече револуција или револт на народот, но во секој случај тоа е нашиот пат по кој сакаме да одиме, демократија и правда, изјави Отунбајева. „Ситуацијата се‘ уште може да добие негативен развој. Бакијев се наоѓа на југот на земјата, што значи оттаму се заканува отпор. Ја повикавме војската да се воздржи од примена на сило, а населението да не предизвикува нереди.“

Flash-Galerie Kirgistan Kirgisien Rosa Otunbajewa

Роза Отунбајева

Отунбајева јасно кажа дека нема веќе место за Бакијев на власт, се работи само за прашање како ќе си замине. Преодната влада во меѓувреме го распушти парламентот. Во најважните задачи спаѓаат донесување уставни измени и подготовка на нови избори, изјави Отунбајева, поранешна министерка за надворешни работи.

Придржување до меѓународните договори

Самопрогласената преодна влада соопшти дека ќе се придржува на меѓународните договори. Воената база на САД ќе остане отворена. Од неа Американците вршат дотур за потребите на нивната војска во Авганистан. Киргистан не е од големо стратешко значење само за Западот, туку и за Москва.

Русија веќе ја призна новата власт во Киргистан. Премиерот Владимир Путин според неговиот портпарол ја смета Отунбајева за шеф на новата влада. Во телефонски разговор таа го уверила Путин дека ја има контролата над земјата. Русија, исто како и САД, има свои бази во оваа поранешна советска република.

Москва ветила хуманитарна помош за Киргистан

Во земјата вчера дојде до крвави судири меѓу силите на власта и опозицијата, во кои според официјални информации загинале 74 лица, а преку 500 биле ранети. Народот е незадоволен пред се‘ од лошата економска ситуација и недостатокот на демократија. Од главниот град Бишкек се‘ уште се јавува за пожари, дивеење и грабежи.

Автор: ЖА/БГ/ дпа/ртр/дв

Редактор: Александра Трајковска