1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Опозицијата:пораз што не стигна датум за преговори со ЕУ

Наспроти владиниот став дека извештајот на Европската комисија е избалансиран, во оценките на експертите и политичките реакции доминираат критики на сметка на владата.

default

Чија е вината за лошите оценки од Брисел?

СДСМ во оценката на Брисел гледа потврда на сопствениот став дека работите во државата не одат на добро. Реакцијата на оваа партија ја пренесе Јани Макрадули:

„Извештајот на ЕК го потврди она што сите добро го знаат сите граѓани на Македонија,работите не одат на добро и наместо Македонија да оди напред,тапка во место.Ја изгуби предноста што ја имаше во однос на другите држави.“

Одговорноста ја сноси владата

За Економскиот напредок и релаксирањето на етничките тензии нотирани во извештајот е заслужна владата, коментира Бесим Догани од владеачката ДПА. Тврди дека за негативните оценки на комисијата е виновна опозицијата бидејќи ја опструирала работата на владата.

„Се најдовме себе си во извештајот во делот каде што пишува за унапредувањето во економијата,во економските реформи,унпаредувањето на етничката застапеност,за подобрените меѓуетнички односи,но истовремено ја повикуваме опозицијата убаво да го прочита овој извештај и да се најде себе си во делот каде што пишува за неисполнетите обврски на Република Македонија и да видат колку големи беа нивните опструкции во овој период.“

И партијата која го бојкотираше парламантот, ДУИ ја посочува Владата како одговорна за забелешките на Брисел. Рафиз Алити коментира.

„Одговорноста никој не ја зема на свој грб,но се знае дека позицијата секогаш сноси одговорност,секако дека сите сносиме,одговорност,но неа треба да ја сноси позицијата,бидејќи тие менаџираат со власта,тие ги имаат сите механизми.“

Сите имаат дел од одговорноста

Одговорноста треба да ја споделат сите фактори во државата според сопственото учество во креирањето на општествениот амбиент, велат експертите. Поради политичките суети и инаетењето голем број од забелешките во овој извештајот се исти со тие од ланскиот констатира Дане Талески од Инстутут за демократија.

„Во минатогодишниот извештај ние бевме соочени со фразата на политички дијалог како најголем проблем во однос на внатрешнополитичките процеси во Македонија и процесот на евроинтегрирање.И во оваа година ние тој процес не успеавме да го затвориме,не успеавме да го решиме,значи тоа е една година помината, во условно речено,празно верглање,во стоење во место.“

Политичките тензии директно ги забавуваат економските реформи, оценува Иван Дамјановски од факултетот за политички науки.

„Блокирањето на процесот во Парламентот практично носи отсуство на политичка и легислативна навигација врз јавната администрација која што покрај сите останати критики на некој начин е и обременета со процесот на успорување на реформи во економскиот сектор.“

Во отсуство на покана за старт на преговори со Еропската Унија во 2008 година утешно може да биде добивањето на покана за членство во НАТО. ЕУ -перспективите се понеповолни. Општ впечаток, што го пренесоа светските медиуми по обеледенувањето на извештајот за земјите од Западен Балкан, е дека Македонија и останатие земји од регионот, освен Хрватска, не можат да сметаат на членство во ЕУ пред 2012.