1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Опозиционерот Ел Барадеи повика на бојкот на изборите во Египет

Лидерот на опозицијата во Египет, Мохамед ел Барадеи, порача дека не сака да учествува во измамата која и‘ се подготвува на неговата земја.

По декретот на претседателот Мохамед Мурси со кој тој одреди дека наредните парламентарни избори во земјата ќе започнат на 27 април, еден од лидерите на египетската опозиција Мохамед ел Барадеи повика на бојкот на гласањето. Поранешниот шеф на Меѓународната агенција за атомска енергија потсети дека уште во 2010 година ги повикал граѓаните да не учествуваат на изборите распишани од тогашниот претседател Хосни Мубарак и оти сега го повторува неговиот повик за бојкот. Не сакам да учествувам во измама, порача Барадеи.

Претседателот на Египет Мохамед Мурси вчера (22.02) со декрет ги распиша парламентарни избори, кои ќе се одржуваат во четири фази, и ќе започнат на 27 април, а ќе траат се’ до јуни.

Во претседателскиот декрет се наведува дека новиот парламент ќе ја одржи конститутивната седница на 6 јули. Гласањето за новиот состав на парламентот треба да биде клучен момент за преобразбата на земјата по соборувањето од власт на долгогодишниот властодржец Мубарак во февруари 2011 година. Оттогаш наваму Египѓаните во неколку наврати излегоа да гласаат на референдуми, претседателски и на парламентарни избори.

Првиот демократски избран парламент со судска одлука беше распуштен во јуни минатата година. Инаку, на сите досегашни избори по падот на Мубарак победуваше Муслиманското братство, партија која го поддржува Мурси. Египетската опозиција се залага за формирање на преодна влада на земјата во која ќе бидат застапени сите политички сили и ја отфрла доминацијата на Муслиманското братство во владата.