1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Опожарена црква во Лабуништа

Се’ уште нема прецизни информации за причинета штета во црквата Св. Никола, стара два века. Пожарот во меѓувреме е локализиран.

default

По оштетувањата во амбулантата во Лабуништа, сега е опожарена и црква

Во етнички мешаното село Лабуништа кај Струга, доцна синоќа била опожарена православната црква Св. Никола. Црквата е стара околу два века и во неа биле чувани вредни икони. Нема прецизни информации колкава е причинетата штета, но според информации на весникот „Вест“, пожарот доцна синоќа бил локализиран, а објектот и вредните икони биле спасени.

Седница на Комитетот за односи меѓу заедниците

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко во изјава за повеќе македонски медиуми повика на смирување на тензиите и зачувување на соживотот.

Struga Innenstadt, Mazedonien

За тензиите во Струга ќе расправа и Комитетот за односи меѓу заедниците

Телевизијата Алсат-М, повикувајќи се на изјава на Мерко и на очевидци од селото, тврди дека црквата ја опожариле „две лица од христијанска вера, чиј идентитет бил познат“, а во насловот на веста наведува оти тоа биле Македонци.

Инцидентот се случува по повеќедневните меѓуетнички тензии во Струга и протестите на локалното албанско население, како реакција на исмејувањето на исламот и Куранот на карневалот во Вевчани. Пред неколку дена во Струга беше запалено и македонското знаме. Исламската верска заедница вчера обвини дека во Македонија постои исламофобија, која е комбинирана со владина пропаганда.

Денеска во македонскиот парламент треба да заседава Комитетот за односи меѓу заедниците, а единствена точка на дневниот ред се меѓуетничките односи.

Автор: БГ/СН/бета

Редактор: Е.М. Фиданоска

DW.COM