1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Операција „Црвен прст“

Изборната фарса во Зиммбабве заврши, пребројувањето на гласовите е во тек, а граѓаните кои не гласале живеат во страв - кој нема црвен прст од мастило, што е доказ се било на гласање, станува државен непријател.

default

Советот за безбедност го осуди вториот круг претседателски избори во Зимбабве, на кои единствен кандидат беше актуелниот претседател, Роберт Мугабе. Актуелниот претседавач со Советот за безбедност, Залмеј Калилзад по заседанието на највисокото тело на ОН на тема Зимбабве, изјави: „Постигната е согласност дека условите за фер и слободни зибори не постоеја и дека за длабоко жалење е што изборите се одржаа во вакви услови.“

Во Зимбабве во меѓувреме тече пребројувањето на гласовите. Секој што не излегол на избори стравува од одмазднички акции на милитантниот подмладок на ЗАНУ-ПФ и т.н. воени ветерани. Тисеке Касамбала од организацијата за човекови права, Хјуман Рајтс Воч, вели: „Многу сме загрижени поради можноста милициите на ЗАНУ - ПФ да применат насилство против секого за кого постои сомневање дека не го дал гласот за Роберт Мугабе. “

Цвангираи бара од ЈАР да не го признава Мугабе

Иако шефот на опозицијата, Морган Цвангираи, кој се повлече од трката поради тоа што врз неговите приврзаници се применувало насилство, им остави на избирачите само да изберат дали ќе излезат на избори и ќе го дадат гласот за Мугабе, одзивот на изборите беше далеку под очекувањата на приврзаниците на Мугабе. Освен тоа, Цвангираи смета дека е неопходно соседната Јужноафриканска Република и нејзиниот претседател, Табо Мбеки, да биде предупредена да не го признава Мугабе за победник на изборите: “Како ова лицемерство да се признае како избори? Кој тоа ќе го стори и од МДЦ очекува да преговара за влада на национално единство, која ќе го прифати Мугабе за претседател, мислам дека сонува. Се надевам дека претседателот Мбеки ќе седне со останатите африкански лидери и ќе бара излез од кризата, наместо и натаму само да се управува со кризата.“

Мбеки и останатите африкански лидери, како што е претседателот на Африканската унија, Јена Пинг, во поделабта на власта меѓу ЗАНУ-ПФ и МДЦ гледаат единствено решение на кризата. Мбеки, вчера ги одбегна прашањата на новинарите и укажа на претстојниот самит на Африканската унија во Египет, на кој темата Зимбабве е високо на агендата.