1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Операција на мозок во камено време

Бетина Јунгклаус е антрополог. Таа ги истражува скелетите стари илјадници години и дојде до интересно откритие - уште од камено време луѓето се обидувале да вршат операции на мозокот.

default

Коските се нејзиниот работен материјал. Бетина Јунгклуас од Берлин е биолог-антрополог.

„За мене така се отвора прозорец во историјата, во минатото, се обидувам да си претставам како живееле луѓето и што доживувале. Се разбира, во војна не се случувало ништо убаво. Но, возбудливо е да се анализира отпосле, да се собираат информации од пишаните извори и да се збогатува знаењето. Тоа ме фасцинира, ме возбудува“, вели таа.

Научникот Бетина го реконструира животот на луѓето кои живееле пред илјадници години. Како на пример личноста чиј череп е пронајден во Укермарк.

„Ова е черепот на најстариот Бранденбуржанец. Всушност, една Бранденбуржанка - жена. Нејзиниот череп е пронајден во масовна гробница од мезолит, односно средно камено време, стар околу 8.500 години“, објаснува научникот.

Тоа е вистински раритет.

„Овде во Бранденбург коските ретко се зачувувале, зашто тлото не е погодно. Затоа, ова е навистина необичен наод, а да смееш да го испитуваш е навистина исклучително чувство“, вели Бетина.

Зад ѕидовите на стариот манастир Павле во Бранденбуг на реката Хафел е сместен Археолошкиот покраински музеј, кој овде ги чува спектакуларните експонати.

BDT Familiengrab aus der Steinzeit wird geborgen

„Додека оваа личност била жива, на главата била извршена операција. Черепот бил отворен. Истружен е дел од коските за да се дојде до мозокот. Можеби за да се истера некој лош дух или слично, но личноста тоа го преживеала. Овде се распознаваат траги на заздравување на коските“, објаснува антропологот Јухгклаус.

Бетина Јунгклаус по пронајдените коски може да ги распознае и болестите.

„Овде имаме водена глава, сифилис, па лепра, жртва на мачење, повреда од удар, метастази од рак на дојка, туберкулоза, и една оболена вилица“.

Антропологот Бетина е задоволна кога за нејзината работа може да ги заинтересира младите. „Историја на дофат на раката“, се вика еден од нејзините воркшопови за ученици.

„Оваа жена имала парадентоза. Корените на забите се долги и истенчени. Значи, виличната коска се повлекла, а таа не ги миела забите“, им објаснува таа на младите.

Една од ученичките е возбудена:

„Не можам да си замислам да се ископуваат мртви луѓе. Тоа е некако, не знам. Човек ги држи коските в рака, па си мисли ’овој некогаш бил жив, а ти сега го држиш овде дел од неговото тело’“.

Професионален антрополг како Бетина Јунгклаус по 17 години работа не размислува повеќе на ваков начин.