1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Операцијата ЕП 2011 започнува

Кошаркарската репрезентација на Македонија, која е дел од завршниот турнир од Европското првенство во Литванија ги почна подготовките за големиот настан. За Дојче веле зборува селекторот Марин Докузовски.

default

Марин Докузовски

„Некои големи изненадувања на списокот нема! Горе-долу се знаат играчите,кои ќе го понесат главниот товар на Европското првенство“, објаснува Докузовски.

Сеуште е присутна дилемата во македонската јавност околу учеството на искусните плејмејкери Бо Мекејлеб и Влатко Илиевски. Докузовски првпат за медиумите зборува за извесноста на нивниот настап во Литванија.

„Работата околу Бо Мекејлеб е доста сериозна.Тој, како што знаете имаше сериозна повреда во текот на првенството, но успешно се рехабилитира и беше дури и прогласен за МВП во Италија. Сега, неговиот клуб Сиена бара големо осигурување за настапот на Европското првенство. Преговорите сеуште траат, тоа е работа на Кошаркарската федерација на Македонија, така што сеуште не знам кога тој ќе се приклучи на подготовките.

А, што се однесува до Влатко Илиевски и во минатата година имаше проблеми со него. Повреди, откжаувања во последен момент... сега останува лично на него дали ќе дојде или не. Тој цврсто вети дека сака да игра за Македонија, дека се чувствува голем Македонец и дека ќе биде на стартот на подготовките“, вели селекторот Докузовски.

Обезбедени се добри подготовки

Почетната подготвителна дестинација ќе е во Охрид. На прашањето за условите за подготовки, што ќе ги има македонскиот состав Докузовски вели:

„Многу е тешко во овој период да се најдат екипи со кои може да се спарингува. Добро е тоа што се договорени мечеви уште од јануари. Турнирите на кои ќе играме се силни и ќе ни помогнат добро да се подготвиме.“

Mazedonien Land und Leute Mazedonisches Basketball-Nationalteam

Македонската кошаркарска репрезентација

Еден од главните подготвителни турнири ќе се одржи во Словенија со учество на сите поранешни екс-југословенски републики.

„Ќе биде многу интересно, бидејќи сите републики од поранешна Југославија се пласираа на Европското првенство. Има една изјава на Божидар Маљковиќ, сега селектор на Словенија, кој смета дека сите репрезентации од поранешна Југославија се доста квалитетни, дури очекува и од Македонија и од Црна Гора да направат изненадување.“

Во групата на Европското првенство во која ќе игра Македонија, покрај Хрватска, БиХ, Црна Гора и Грција, недостига уште еден квалификант. Какви се посакувањата на Докузовски?

„Тука се Финска,Унгарија и Португалија. Ако веќе ме прашувате за желбите, не ја посакувам Финска, а од другите две репрезентации, сеедно е која ќе падне.“

Патот до втората фаза отежнат

Какви се очекувањата на македонскиот селектор Марин Докузовски од

Basketballspiel Mazedonien gegen Bosnien

Момент од дуелот против БиХ во Скопје. Македонија е во иста група со БиХ на ЕП

претстојното европско првенство,кое ќе се игра со зголемен број на репрезентации.

„До сега во група беа по 4 репрезентации и со една победа се одеше понатаму. Сега се по 6 во група и морате да направите 3 победи. Значи е доста потешко и помакотрпно. Најважно е сепак, да дадеме се од себе и достојно да ја презентираме нашата кошарка, а верувам секој натпревар ќе биде тежок и за нас и за противниците. Кој ќе сака да не победи, ќе мора многу да се намачи“, вели селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Марин Докузовски.

Автор: Златко Калински

Редактор: Борис Георгиевски