1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Операцијата „Аталанта“ започнува

ЕУ денеска треба да ја започне битката со пиратите пред брегот на Сомалија. Европски бродови и авиони, треба да ја заменат флотата на НАТО, која е ангажирана во одбрана на трговските бродови од пиратските напади.

default

Еден од киднапираните бродови пред брегот на Сомалија, украинскиот товарен брод „Фаина“

Во меѓувреме речиси секојдневно пристигнуваат вести за пиратски напади врз бродови пред источно-африканскиот брег. Морските разбојници очигледно напаѓаат се’ што плови, од јахти за едрење преку бродови за крстосување, па се’ до товарни бродови од секаков вид. Веројатно најспектакуларен случај беше заробувањето на супер-танкерот „Сириус стар“. Голем број бродосопственици од безбедносни причини веќе ги испраќаат своите бродови преку Р’тот на добра надеж наместо преку Суецскиот канал и со тоа губат значително време и трошат дополнително гориво.

Treffen der NATO Außenminister in Brüssel

Генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер

На средбата на министрите за надворешни работи на НАТО минатата недела, Генералниот секретар на Алијансата, Јаап де Хоп Шефер говореше за сериозноста на ситуацијата:

„Пиратството станува се’ полошо и се’ поголем проблем за меѓународната пловидба, и тоа не само во Аденскиот залив, туку би можело да се каже, ширум светот. Но, ако го земеме за пример Аденскиот залив, ќе ви кажам две бројки: секоја година во овој регион минуваат 20 илјади бродови и пиратските напади во оваа година се зголемиле за 300 насто.“

Морнаричка мисија на ЕУ

НАТО веќе оперира во овој регион со повеќе бродови. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер, веќе говори за постигнат напредок: „Последните денови покажаа дека присуството на Алијансата на Рогот на Африка веќе спречи неколку пиратски напади“

Бродовите на НАТО, пред се’, ги придружуваат бродовите на Светската програма за храна, кои транспортираат хуманитарна помош кон Сомалија. Сега меѓутоа започнува првата морнаричка мисија на Европската унија. Таа треба во опасните води да го замени НАТО. „Тоа ќе биде солидна операција и ќе има многу робустни услови за ангажман.

EU Außenministertreffen in Luxemburg, Javier Solana

Координаторот на ЕУ за надворешна политика, Хавиер Солана

Целта е да се заплашува, да се спречува, да се заштитува, пред се’ да се заштитат хуманитарните операции на ОН“, порача високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана.

Отворени прашања

Меѓутоа и ЕУ и НАТО признаваат дека со тоа проблемот нема да биде решен. Двете организации од Советот за безбедност на ОН очекуваат правно објаснување на прашањето: што ќе се случи, кога ќе бидат уапсени пирати? Некои влади дури и предложија дека НАТО би требало да ги блокира сомалиските пристаништа, од кои испловуваат пиратите. Генералниот секретар на Алијанста, Јаап де Хоп Шефер вели дека такво нешто засега не е на дневниот ред на НАТО, меѓутоа не ја отфрла можноста за такви операции.