„Опел“ на продажба | Економија | DW | 10.09.2009
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Опел“ на продажба

Американскиот концерн „Џенерал моторс“ конечно реши да го отуѓи германскиот авто-производител „Опел“ чиј сопственик беше цели 80 год. По повеќемесечен цик-цак курс, раководството на „ЏМ“ се реши за понудата од „Магна“.

default

Решението на Управниот одбор на „Џенерал моторс“ е потврдено и од кругови на германската влада. Официјално решението ќе биде објавено на прес-конференција на раководството на друштвото, кое во меѓувреме се грижи за „Опел“, располага со 65 проценти од акциите и формално го има последниот збор.

Решението е поврзано и со одредени услови, за кои нема попрецизни информации. Се’ до последен момент во игри беа и опциите „Опел“ да му биде продаден на белгискиот инвеститор РХЈ или дури и да остане и натаму во

Symbolbild OPEL General Motors

сопственост на концернот „Џенерал моторс“, кој е во длабока криза. Ваквата разврска е во согласност со желбите на вработените во „Опел“, како и на сојузната и на владите на германските покраини во кои има фабрики на „Опел“. Владата веќе го помогна работењето на „Опел“ со една ипол милијарда евра, а ќе даде уште три милијарди. Во четири фабрики во Германија работат повеќе од 25 илјади луѓе. Според понудата од канадско-австрискиот лиферант за автомобилската индустрија „Магна“, која настапува заедно со руски партнери - банката „Сбербанк“ и производителот на автомобили „Газ“, фабриките ќе продолжат со работа, но ќе има отпуштање работници. „Џенерал моторс“ ќе задржи 35 проценти од акциите на „Опел“.

Автор: ЗЈ/ЕМФ/ап/дпа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM