1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ОПЕК земјите не ја поддржаа иницијативата на Саудиска Арабија

*

На средбата на земјите производители на нафта ОПЕК, повеќе земји ја одбија иницијативата на домаќинот Саудиска Арабија да се востанови еколошки фонд за финансирање на студии за промена на климата. Алжир, Индонезија, Нигерија и Еквадор не сакаат да дадат средтсва за вакви цели. Саудиска Арабија веќе одобри 300 милиони долари за оваа намена. Претходно на средбата претседателот на Венецуела Хуго Чавез ги предупреди САД дека ако бидат нападнати неговата земја или Иран, цената на нафтата може да се покачи на 200 долари за барел. Домаќинот на самитот во Ријад, саудискиот крал Абдула опомена дека нафтата не смее да биде претворена во инструмент на конфликт.