1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Опасно хоби - поглед од вртоглави височини

Млади се и бестрашни - московските „руфтопери“ односно искачувачи по покриви го ризикуваат животот и копнеат по нови предизвици. Преку нивното нелегално хоби тие си најдоа и работа!

Тие се преоблечени како градежени работници, што е можно поневпечатливо. Половина ден трае нивното тајно искачување. Потоа се горе - на највисокото градилиште во Москва.

Се искачуваат до врвот на кранот - 370 метри над земјата. Се нарекуваат „Руфтопер“ - искачувачи по покриви. Без никаква заштита. Заштитата не е „кул“.

Видео-доказот Витали го објавува на интернет - со објаснување. Тој е една од ѕвездите на сцената: „Легално не можеш да се искачиш. Влезот се контролира - камери, сензори за движење, чувари, и насекаде градежни работници. Веднаш ќе добиеш по муцка, ако те откријат“, вели Витали, „руфер“ - качувач на високоградби.

Lomonossow-Universität in Moskau

Ломоносов универзитетот во Москва

Се’ повисоко, се’ похрабро. Се’ повеќе цели за искачување за „Руферите“. Деловните висококатници во Москва одамна се меѓу највисоките во Европа.

Малата православна црква како да заталкала во земјата на гигантите. Овде, во московското сити, се наоѓаат највисоките облакодери во Европа. Меркјури тауер му го одзема приматот дури и на Лондон. Долу продавници и канцеларии, горе луксузни станови. Искачувачите стигнаа најгоре - на кранот на врвот на облакодерот.

За вчудовидување, инвеститорот смета дека тоа е добро. Поради ризикот, вели Игор Кесајев. „Јас самиот сум токму како нив. Сакам екстремен спорт, се’ што е поврзано со адреналинот. Колку и да е опасно тоа - кој ќе ги надмине своите слабости, кој презема ризик, тој заслужува почит“.

Богатството на Кесајев изнесува речиси две милијарди долари. Богат стана со трговија со цигари, производство на оружје и со супермаркети.

И, со добри врски со власта. Неговиот облакодер е највисок. За него тоа е битно. „Се возев низ Вол Стрит и го видов сето тоа - Крајслер билдинг, Трамп тауер, знаете на што мислам. Ми стана јасно, еден ден јас ќе изградам такво нешто. Морам да го направам тоа“, вели Кесејев.

Неговиот облакодер нема да може уште долго да го држи рекордот во Европа. До него веќе расте објектот на конкуренцијата. Соседот гради уште пограндиозно. Со видиковец, планиран на 500 метри височина.

Нема град во Европа, кој во моментов расте толку брзо како Москва.

Порив кон височините имало и порано. Во 50-тите години Советите сакаа да го надминат дури и Њујорк. Беа изградени седум вакви социјалистички градби; највисоката, зградата на универзитетот, се извишува дури 240 метри, со советска ѕвезда на врвот. Седум облакодери, седум предизвици. За безумните.

Руфтопинг има во многу големи градови во светот. Но толку вратоломно како во Москва, не се искачуваат никаде.

Овде ѕвездите им се цел. Оваа видео снимка е кликната далеку повеќе од еден милион пати. Сомнителна слава за игра со животот.

Evropanorama Russland

Облакодерите на Москва

Витали, ѕвезда на сцената, има само 19 години. Тој и другар му Кирил работат како стручњаци за односи со јавност и тоа за фирма која гради висококатници. Во новото московско сити. Облакодери, на кои двајцата одамна се имаат искачено.

„Бевме веќе на сите згради, ги надмудривме сите стражи. Тие веќе не‘ знаеја. Еднаш отидовме кај шефот на една од градежните фирми и му подаривме фотографија, снимена таму горе. Тој веднаш не‘ препозна, кратко време потоа не‘ вработи. А стражата беше прилично зачудена“, раскажува „Руферот“ Витали.

Витали и Кирил оттогаш блогираат по налог на фирмата. Тие рекламираат на социјалните мрежи, организираат фото-сесии на градилиштата. Во слободното време и натаму се искачуваат. Нелегално, се разбира.

„Не, веќе не ми е страв. На почетокот ми беше по малку, но сега веќе не. Добро, во помали градови како Санкт Петербург - таму има многу стрмни кровови и може да биде опасно, оти нема за што да се задржиш. Но тука? На ѕвездите можеш секаде да се држиш со рацете. Ова е Москва, тука ништо не се крши“, вели Кирил.

Лудо. Се чини тие навистина се уверени во тоа. Руски рулет, сосема горе на московскиот универзитет. Велат, единствена причина да престанат можеби би била девојка, ако би се противела. Или пад од височините.