1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Опасно препукување

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се одлучи за ѕвечкање на сабјите против Сирија. Овој конфликт ја зголемува опасноста за целиот регион.

Изненадувањето поради умерените реакции од Анкара првите денови по уривањето на турскиот набљудувачки авион од страна на Сирија не траеше долго. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган реагираше на притисокот од опозицијата во земјата: неговите воени закани будат лошо чувство. Доколку само еден сириски хиликоптер го повреди турскиот воздушен простор на границата од 800 километри, мора да се смета на тоа дека безмилосно ќе биде соборен.

Директен воен судир меѓу НАТО-членката Турција и Сирија би можело да ја активира западната алијанса. Турција која од 1952 година е членка на сојузот би можела да побара поддршка, која и‘ следува од НАТО во случај на сериозна закана - како што веќе направи во 2003 година, на почетокот на војната во Ирак. Исто како и тогаш, Турција ќе има изговор за НАТО да ги стационира на турска територија летачките ситеми за рано предупредување АВАКС и Патриот-ракетите за одбрана.

Baha Güngör: Leiter der Türkischen Redaktion

Баха Гингер

Во конфликтот со Сирија не станува збор исклучиво за билатерален судир меѓу Турција и Сирија. Режимот во Дамаск е под меѓународен притисок и со помош на Русија и на Кина се обидува да добие на време - што најверојатно нема да му успее. Оттука одлуката на Ердоган за ѕвечкање на сабјите значително ја зголемува опасноста за регионот.

Синџир на потенцијални опасности

Турција веќе 18 години е во војна со курдските сепаратисти, кои се сместени на северот на Ирак, така што турската армија против Сирија би морала да формира втор фронт, со што должината на границата која треба да се брани би се оддолжила на 1.000 километри.

Во моментов никој не може да предивиди како ќе се однесува Иран, уште една држава која и‘ приредува главоболки на меѓународната заедница. Речиси и не може да се замисли дека Техеран со скрстени раце ќе следи, како летаат АВАКС-авиони во воздушниот простор на регионот и како се стационираат Патриот-ракети во Анатолија. Синџирот на потенцијални опасности со несогледливо лоши последици не би застанал на Иран, туку преку Израел би ги зафатил и арапските држави.

Надежта дека режимот на Асад наскоро ќе биде урнат и светот ќе може да воздивне е се‘ помала поради заканите на Ердоган со одмазда доколку се случат нови воени акции од страна на Сирија. Би било штета за Турција, која во време на светска економска криза заслужува најдобри оценки и е ученик за пример, но сега ова лекомислено го става на коцка. Двете претходни војни на меѓународната алијанса против Ирак и‘ нанесоа енормни економски штети на Турција. Земјата тешко се опорави од тоа.