1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Опасност од дефлација или прикривање на проблемите?

Европската централна банка, според очекувањата, ја остави основната камата на рекордно ниско ниво. Дали со тој потег се избегнува опасноста од дефлација? Експертите имаат различни мислења

Во текот на 2014 година двете најголеми светски централни банки, американскиот Фед и Европската централна банка, би можеле да се најдат пред голема дилема, смета Стивен Кинг, главен економист на банката HSBC. Овие банки, имено, се наоѓаат пред нерешлив проблем:

„Дали да најават крај на политиката на ’евтини пари’, односно ниски камати, бидејќи стопанството се опоравува, или треба да продолжат со таквата монетарна политика, бидејќи на хоризонтот веќе се надвиснува опасноста од дефлација“, вели Кинг.

Дефлацијата значи дека на пазарот постои тенденција на поевтинување на стоките и услугите, а не поскапување. Тоа на прв поглед изгледа чудно. За да ја надминат финансиската криза, централните банки од двете страни на Атлантикот со години ги одржуваа каматите на ниско ниво и така пазарот го преплавија со големо количество пари. Тие пари, теоретски, треба да предизвикаат вистинска експлозија на цените, шпекулации на берзите и инфлација. Но нема знаци дека тоа се случува.

Напротив, во декември минатата година стоките и услугите беа поскапи за само 0,8 отсто во однос на истиот месец во 2012. Тоа е далеку под границата на инфлација од два отсто, која Европската централна банка ја зацрта како горна граница на инфлација, но и како своевидна тампон-зона од опасноста да се тргне кон дефлација.

eonomic crisis

Она што е впечатливо е дека цените на производите веќе со месеци паѓаат, и на крајот тоа изнесуваше 1,2 отсто помалку од минатогодишното ниво. Во Летонија, Грција и на Кипар цените паѓаат на „сите фронтови“, што се гледа како најава за дефлација.

Полошо од инфлација

Но, поради што е стравот од дефлација поголем од стравот од инфлација? Падот на цените предизвикува добро расположение кај купувачите - каде е тука опасноста? Економистите стравуваат од дефлацијата поради тоа што таа предизвикува опасна спирала која води кон дното. Луѓето прво се двоумат при купувањето, а инвеститорите не вложуваат затоа што се плашат од натамошен пад на цените. Фирмите поради тоа го намалуваат производството, бидејќи нема побарувачка, а тоа доведува и до намалување на заработката. Сето тоа води кон намалување на платите и отпуштање на работниците. Падот на приходите и растот на невработеноста дополнително ја намалуваат побарувачката. Така, нештата се вртат во круг, со постојано зголемување на интензитетот на тој процес кој познава само еден правец- надолу.

Централните банки имаат испробано решение за спречување на инфлацијата. Тие едноставно ги „поскапуваат парите“, односно ги подигнуваат основните камати. Но, не се познати испробани мерки кои би довеле до прекин на спиралата на дефлација. Каматите не можат да се спуштат на нула.

И покрај сето тоа, Јерг Кремер, менаџер во германската Комерцбанка, смета дека тврдењата за заканата од дефлација се претерани. „Мислам дека поимот на дефлација се злоупотребува и дека тој е морално оправдување за премногу лабавата монетарна политика“. Тоа едноставно е лош изговор за водење на експанзивна монетарна политика, односно за финансирање на државата, објаснува Кремер.

Имало ли воопшто дефлација?

Вистинска дефлација е забележана само еднаш, во 30-тите години од минатиот век во САД. „Дури и периодот на дефлацијата во Јапонија не била, како што обично се тврди, загубена деценија. И во Јапонија во тој период дојде до раст на БДП по глава на жител, во иста мерка како и во САД. Тоа што во одредени земји од Југоисточна Европа нивото на цените покажува тенденција кон долу, е сосема нормална корекција по бумот кој беше забележан во годините пред

Jörg Krämer

Јерг Кремер

финансиската криза. Падот на цените во тие земји е дури и посакуван, бидејќи може да доведе до тоа тие повторно да станат конкурентни на светскиот пазар“, тврди Кремер.

За економистот едно е сепак сигурно: „Банкарите во инвестициските и во централните банки ја злоупотребуваат опасноста од дефлација за да ја продолжат неодговорната експанзивна монетарна политика. Токму за држави како Италија која не сака или не е во состојба самата да си ги реши проблемите, ова е добра можност проблемите да се префрлат врз грбот на Европската централна банка. „Таа ги прикрива вистинските проблеми и лабавата монетарна политика ја оправдува со стравот од дефлација“. Тоа, според Кремер, е како да се обидувате да го истерате ѓаволот со помош на демони.