1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Опасност од „банките во сенка“

Жителите на источнокинескиот град Венџу важат како талентирани за ракување со пари. Во градот имало банки уште во 200. година пред Христос. Денес многу сопственици на фабрики вложуваат пари во дубиозни „банки во сенка“.

default

Џепни пепелници за САД - ваквата евтина индустрија, со ниски плати за работниците, беше моторот за пораст во цела Кина. Но, добивките се намалуваат, извозот поради слабата светска конјунктура опаѓа. Сопствениците на фабрики полесно заработуваат пари доколку ги вложат своите кеш-резерви во сивиот пазар на капитал.

„Профитот е пренизок, а социјалната одговорност преголема. Она што е привлечно се парите. Кога би имал пет милиони, би ги вложил во ’банките во сенка’“, вели Ли Џонгијан, сопственик на фабрика.

China Währung 100 Yuan Banknoten in Schanghai

Сопствениците на фабрики полесно заработуваат пари доколку ги вложат своите кеш-резерви во сивиот пазар на капитал

Така прават многумина претприемачи, исто како и функционерите. Вносна форма на вложување.

„Повеќето кои вложуваат пари во ’банките во сенка’ се членови на владата. Значи, има многу нелегални приходи, пари од корупција кои се влеваат во ’подземната кредитна економија’“, наведува Гери Лу, заменик директор на Меѓународната кинеско-европска школа за бизнис.

Ваквите кредитни „ајкули“ наплаќаат огромни камати, но тие се единствените кои им даваат пари на малите и средни претпријатија. Официјалните банки се заинтересирани само за државните претпријатија.

China Wirtschaft China Construction Bank in Peking

Официјалните банки се заинтересирани само за државните претпријатија

Празните продавници и фабрики покажуваат дека ваквиот бизнис може и да пропадне. Здружението за развој во Венџу застапува повеќе од 400 илјади мали и средни приватни претпријатија и ја знае нивната состојба.

„Бегството е единствениот излез за шефовите. Тогаш имаат навистина големи проблеми, такви поради кои мора да стравуваат за својот живот и имот“, објаснува Џоу Девен, претседател на Здружението за развој.

Владата реагира и ветува нови мерки од кои треба да профитираат малите и средни претпријатија - пониски даноци, олеснувања за извоз и специјални фондови кои финансиски би ги олесниле инвестициите.

Автор: Елке Мајвалд / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска

Поврзана содржина