1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

„Опасноста од тероризмот зголемена“

Во светот опасноста од тероризмот е зголемена - ова е оценката во анализа на американските тајни служби.

Џорџ Буш во Белата куќа

Џорџ Буш во Белата куќа

16 американски тајни служби извршија анализа за опасноста од тероризмот и дојдоа до заклучок: ирачката војна според нив предизвика создавање нова генерација фундаменталисти. Во заклучокот на заедничка анализа уште и се вели дека по 11 септември 2001 година се зголемила опасноста од тероризмот во светот. Ова денеска го пренесува американскиот весник Њујорк Тајмс. Вашингтон поуст пак смета дека оттогаш до денеска настанале голем број нови терористички цели без директно поврзаност со терористичката мрежа на Осама Бин Ладен, основачот на Ал Каеда за кого вчера во Франција се прочу шпекулацијата дека наводно починал во Пакисатан.

Смрт на Осама Бин Ладен, според оценка на експертите, политички би му користела на американскиот претседател Џорџ Буш но нема да го ослабе исламскиот тероризам. Дека Бин Ладен е мртов во меѓувреме демантираа и САД, Франција, Пакистан и Авганистан.