1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Опасноста наречена сурфање на интернет

Младите безгрижно се движат во виртуелните светови и оставаат траги зад себе, кои може да имаат непријатни последици. Кампањата „Watch your web“, или „Пази се на интернет“ е еден вид виртуелно предупредување.

default

„Watch your web“ или „Пази се на интернет“

На фасцинацијата наречена интернет се подложни речиси сите. И кога со неа се постапува одговорно – не постои проблем. Сепак, често не е така. Многу млади луѓе, кои се дел од социјалните мрежи како „Фејсбук“ или „Шилер фау цет“, знаат што се т.н. сајбер-напади. Младите луѓе или некој од нивните виртуелни пријатели биле често жртви на лични навреди, лаги или фалсификати. Според една студија, секој четврт млад човек помеѓу 12 и 19 години доживеал вакво нешто.

За да се биде подобро вооружен против опасностите на интернет, иницијаторите ја замислија кампањата „Пази се на интернет“ како спој од разговор и објаснување. „Дали, всушност, знаеш кој се` може да го прочита она што го раскажуваш на интернет? Внимавај на својот веб!“, се вели во спотовите.

Лажни профили и нереални пријатели

Корисниците често не го знаат одговорот на ова прашање. Тоа може да стане мошне опасно кога на мрежата ќе се закачат непознати луѓе, кои таму нема што да бараат. На порталите лесно успеваат да навлезат непосакувани гости, незабележано, како на популарниот германски портал „Шилер фау цет“, бидејќи скоро сите членови на виртуелните заедници комуницираат со измислени имиња како „Џорџ 66“ или „Интернет був“. Околностите им се поволни, бидејќи просечниот корисник има повеќе од 100 т.н. пријатели, со кои помалку или повеќе редовно комуницира. Меѓу нив има и такви кои воопшто не се познаваат во вистинскиот живот. Така може да се налета на грешни пријатели, кои одеднаш дознават работи кои не треба да ги интересираат.

Deutschland Internet Schüler SchülerVZ

Социјалната платформа на учениците „Шилер фау цет“

„Пази се на интернет“ најмногу предупредува од анонимни корисници, кои човек не ги познава. Колку е тоа неопходно, знаат протагонистите од спотовите на кампањата од лично искуство искуство. Една тинејџерка од едно берлинско училиште ги знае и лошите страни на интернетот. Ана на пример, се изненадила кога нејзината слика на профилот на платформата „Шилер фау цет“ се појавила два пати.

Двојничката не се појавија случајно и и` донела непријатни последици: „На училиште дознав дека едно момче од мојот клас го ископирало и фалсификувало мојот профил на мрежата. И тоа дури пред три месеци. Тој во мое име им испраќал пораки на моите другарки, кои, пак, се вљубени во него. Бевме бесни, бидејќи имаше прочитано се` што ние сме пишувале. А тоа навистина беа мошне лични работи. Така дозна се`, но за среќа не раскажа на другите. И покрај тоа, малку е чудно што немал попаметна работа, отколку да фалсификува профили“.

Промени во прилагодувањата за поголема сигурност

Јохан, кој исто така учествува во спотовите на „Watch your web“, смета дека по кампањата се чувствува посигурно од претходно, кога сурфал на интернет без премногу да размислува за опасностите: „Имам профил на различни портали и видов во прилагодувањата каде можам нешто да променам. На пример, ја деактивирав опцијата да може некој да ме бара на Гугл, или некои конкретни луѓе во рамките на порталот. Мене може да ме најдат само луѓе кои ми се пријатели, кои се во мојата мрежа.“

„Интернетот не заборава“ е една од пораките во кампањата „Пази се на интернет“. За да допрат до целната група на млади луѓе, од јули 2009 година, покрај достапните спотови, на училиштата и младинските центри ќе им бидат дадени и информативни материјали.

Автор: Марсел Фирстенау / Ана Алибегова

Редактор: Александра Трајковска