1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Опасни резултати за Ангела Меркел

Покраинските избори во Баварија ѝ донесоа апсолутно мнозинство на владејачката Христијанско социјална унија. Но тешкиот пораз на Либералите може да биде загрижувачки за канцеларката Ангела Меркел.

Речиси и да немаше изненадувања. Предизборните анкети ја погодија целта, и до крајот на неинтересниот изборен ден во Баварија сѐ беше назад во нормала. Во 208. гласачите ја избраа Партијата на слободните демократи (ФДП) за коалициски партнер на ЦСУ, но на овие избори беше исправена таа „грешка“. ЦСУ, сестринската партија на ЦДУ на Ангела Меркел повторно има апсолутно мнозинство во Баварија и самата ќе формира влада. Големиот пад од речиси пет проценти на ФДП за малкумина беше изненадување. Социјалдемократите малку го подобрија билансот од 2008., но премалку за да се зголеми надежта кај нивниот кандидат за канцелар Пер Штајнбрик дека може да победи на сојузните избори в недела.

На втор поглед, и не беше сѐ така вообичаено во Баварија. Се издвојуваше високата излезност на гласачите, која достигна 65 проценти, што е за 7 проценти повеќе од пред пет години. Од високата излезност најмногу профитираше ЦСУ, што е невообичаено бидејќи партијата успеа да мобилизира уште повеќе гласачи иако веќе ја држеше власта. Големиот успех на ЦСУ имаше негативни консеквенци за ФДП. На минатите избори гласовите беа тактички поделени ЦСУ и ФДП, но годинава граѓаните очигледно се одлучија за еднопартиско владеење.

Landtagswahl Bayern 2013 FDP

Лидерот на ФДП, Филип Реслер и кандидатот за канцелар Рајнер Бридерле

Лошиот резултат на Либералите (ФДП) може да има последици за канцеларката Ангела Меркел на неделните сојузни парламентарни избори. Либералите освоија бедни три проценти од гласовите во Баварија, не успевајќи да го минат ниту изборниот праг од 5 проценти. Мнозинството експерти сега сметаат дека голем дел од конзервативните гласачи на коалицијата ЦДУ/ЦСУ на парламентарните избори вториот глас ќе го дадат за ФДП.

Нема подарување гласови

Официјално, во ЦДУ велат дека немаат намера да им даваат гласови на своите актуелни коалициски партнери во владата. Во Германија, граѓаните имаат право на два гласа, првиот е за директниот кандидат за канцелар, и вториот за партија. Оттука и шпекулациите дека, како и пред четири години, и овојпат ЦДУ ќе охрабри дел од своите гласачи својот втор глас да го дадат за ФДП, со цел оваа партија да успее да го надмине изборниот праг и да остане во владината коалиција уште четири години.

HANDOUT - SPD-Kanzlerkandidat Peer Steinbrück auf dem aktuellen Titel des SZ-Magazins. Im Magazin der «Süddeutschen Zeitung» zeigt Steinbrück den gestreckten Mittelfinger. Er ziert damit rund eine Woche vor der Wahl am Freitag (13.09.2013) die Titelseite des Magazins. Foto: Alfred Steffen/SZ-Magazin/dpa (Nur zur redaktionellen Verwendung bei Nennung der Quelle - Veröffentlichung nur in vollem Format - kein Ausschnitt!) (zu dpa Extra Steinbrück zeigt den «Stinkefinger» vom 12.09.2013)

Пер Штајнбрик (СПД)

ЦДУ во моментов нема други коалициски партнери на кои би можела да смета при евентуално формирање на влада во парламентот. Доколку ФДП не успее да влезе во парламентот тоа би можело да значи и крај за владеењето на Меркел.

Од друга страна, опозициските социјалдемократи можат да бидат делумно задоволни од резултатите во Баварија. Тие добија два проценти повеќе во однос на последните покраински избори пред пет години. Предноста на анкетите на Ангела Меркел на национално ниво полека се намалува, а нивниот кандидат за канцелар Пер Штајнбрик се надева дека ќе може дополнително да ја намали разликата во последните денови од кампањата. Дури ниту последниот скандал кога Штајнбрик на една фотографија го покажа својот среден прст, засега не му предизвика поголема штета.