1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Опасна авантура

Германските војници во рамки на мисијата на ОН во Дарфур и во Јужен Судан се застапени со мали контингенти. Во двата региона сините шлемови се поважни од кога и да е, но мисијата се соочува со екстремно големи пречки.

default

Сини шлемови во Дарфур

Генерал Мартин Лутер Агваи има тешка задача - командува со мешана единица војници на Африканската унија и на ОН во суданската кризна провинција Дарфур. Тоа значи: секој ден е опасна авантура. Пред неколку дена, на пример, беше погоден еден хеликоптер на ОН со 12 патници, но сепак успеа да слета во последен момент со уште неколку капки гориво во резервоарот.

Хеликоптерите во Дарфур се драгоцени. Прво, тие се сеуште најсигурното транспортно средство, второ генералниот секретар на ОН мораше да питачи со недели за да ги добие. И, по девет месеци мандат, мировните трупи не се ниту бројчено целосни, ни прописно вооружени. Генерал Мартин Агваи вели: „Да бидам искрен, не мислев дека ќе биде толку тешко. Но, ние работиме со тоа што го имаме.“

Безбедноста во споредба со лани е влошена Специјалниот пратеник на ОН, Сима Самар, е на исто мислење. Таа оваа лето го посети Судан и пред новинарите во Женева пред два дена настапи со алармирачки биланс: „Во текот на мојата последна посета видов повеќе повреди на човековите права и повеќе предизвици за безбедносните сили отколку порано. За

Humanitarian Air Service Hubschrauber im Einsatz

Хеликоптерите се најважно транспортно средство во Судан

жал, имаше повеќе напади од воздух и на копно врз села и цивили. Споредено со претходната година, нападите врз хуманитарните работници и киднапирањето на нивните конвои се зголемило двојно. Затоа, Светската програма за храна, поради недостигнот на безбедност, обелодени дека може да подели помош двапати помала од можната.“

За да се штити мирот, тој треба прво да се воспостави Војниците на ОН во Судан досега се набљудувачи, не страна во конфликтот. И, дури и ако големината на трупите, како што е стремеж, еден ден достигне 26 илјади, ним нема да им биде можно да пружат безбедност во регион голем колку Франција, кој секојдневно се‘ подлабоко тоне во анархија и хаос. Генерал Агваи тоа го формулираше едноставно: „Мировните мисии се ризични. Никаде на светот тоа не е едноставно, но во Дарфур е уште покомплексно и покомпликувано, зашто сеуште нема мировен договор со кој што би можеле да работиме. Значи, во реалноста нема мир кој што треба да биде штитен.“

На тој начин, топката е повторно на полето на Суданците. Само тие се во состојба да воспостават мир, кој потоа меѓународните сили би можеле да го чуваат.