1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Опасен птичји грип во Романија

Сомнението се потврди,како и за Турција,сега и за Романија е јасно дека при птичјиот грип се работи за опасниот вирус Х5Н1,кој се пренесува од птици врз луѓето.Ова денеска го соопшти романскиот министер за земјоделство

Вирусот стигна и во Европа

Вирусот стигна и во Европа

Потврдата стигна од Букурешт.Тоа значи дека вирусот кој под одредени околности е опасен и за луѓето,стаса и во Европа.Пред неколку дена слична потврда стигна од Турција.

Бриселските експерти поаѓаат од тоа дека вирусот е транспортиран преку птиците преселници кон запад и е пренесен кај домашните пајки или кокошки.Стручна екипа на ранг на ЕУ синоќа донесе пакет мерки за ваков случај.Најважната точка:треба да се направи се,за домашните птици да не стигнат во контакт со птиците преселници.

Како посебно опасни важат фармите кои лежат во подрачјата над кои надлетуваат јатата диви птици .Таму треба да биде изречена забрана за чување на живината на отворено,птиците треба да бидат внесени во затворени простории.Секоја од земјите од ЕУ треба сама да реши какви и колкави по обем мерки ќе преземе.Во прашање доаѓаат мерки како забрана за чување на птиците на отворено,вакцинирање или забрана за лов на диви птици.

Германската влада најпрво одби обврска сите птици да бидат во затворени простории,но секоја покраина треба да го дефинира ризикот за својата територија.Во меѓувреме некои од покраините сепак се решија да ги засолнат птиците и да преземат и други мерки во посебно загрозените подрачја од птичјиот грип.

Ризикот за пренесување на вирусот Х5Н1 врз луѓето сеуште се проценува како релативно мал.Во Азија навистина имаше смртни случаи кај луѓето,но при инфицирање во директен контакт со птици.

Последниве недели Комисијата на ЕУ препорача граѓаните кои спаѓаат во здравствена ризична група да се вакцинираат против нормалниот вид на грипот.Зашто во најлошите,иако малку веројатни сценарија за Западна Европа се претпоставува дека вирусот на птичјиот грип би се поврзал со вирусот на обичниот грип и би предизвикал тешко контролирана опасност.

Германската министерка за здравство Ула Шмидт вчера повторно предупреди од создавање паника.Таа потенцираше дека досега птичјиот грип бил пренесуван врз луѓето преку интензивен контакт со птици.Ваков контакт во Европа,за разлика од Азија,каде од 2003 година од птичји грип починаа повеќе од 60 луѓе,нема:

„Никој не треба да се грижи.Само ќе кажам:тој кој патува во Турција или Романија,треба навистина да одбегнува контакт со фарми со птици.“