1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Опасен грип во Мексико

Свинскиот грип што изби во Мексико досега однесе повеќе од 60 животи. Заболени се околу 1.000 лица, осум во САД. СЗО страхува од избивање на пандемија, бидејќи болеста најверојатно се пренесува од човек на човек.

default

Луѓето носат заштитни маски

Во Мексико сити не владее паника, но може да се забележи вонземиреност кај населението. На улиците луѓето носат сини заштитни маски.

Jose-Cordova-mex.-Gesundhei.jpg

Мексиканскиот министер за здравство

Министерот за здравсто Хозе Ангел Кордова од една страна тврди дека епидемијата е под контрола, од друга најави драстични мерки на претпазливост. „Повеќето заболувања ги регистриравме во главниот град и неговата околина. Затоа како мерка на претпазливост ќе бидат затворени сите државни и приватни училишта, градинките и универзитетите во главниот град и соседна покраина Мексико.“

Оваа мерка е на сила од вчера (24.04.09), а најверојатно ќе важи и на почетокот на наредната недела. Мексико сити доживеа невообичаено мирен петок: малку автомобили, малку луѓе на улиците, во метроата бесплатно се делеа заштитни маски. Музеите, библиотеките и театрите се затворени. Кината, рестораните и баровите се речиси празни. Во текот на викендов се откажани сите културни манифестации.

Министерството за здравство ги предупреди луѓето

„Бидете оддалечени од лицата, кои имаат проблеми со дишните патишта! Мијте ги често рацете со сапун! Не поздравувајте се со бакнежи! Немојте да споделувате храна или прибор за јадење! Проветрувајте ги становите и канцелариите, често бришете ги оградите, играчките, телефоните и сите други производи кои заеднички се употребуваат!“

Оние пак кои сакаат да се вакцинираат, се запишуваат на долгите листи за чекање. Прво ќе бидат вакцинирани здравствените работници. Според властите на располагање стојат еден милион анти-вирус инекции, а заболени се илјада лица.

СЗО внимантелно ја следи ситуацијата во Мексико

Светската здравствена организација во Женева го активираше крзниот менаџмент. Намерата е да се спречи пандемија, ширење на болеста ширум светот. Засега не постојат причини Мексико да се стави во карентен. Нема забрана за патување во оваа земја на Латинска Америка.

Grippe-Mexiko-Menschen-auf-.jpg

Грип во Мексико

Вирусот е најверојатно генетски микс, кој содржи наследни информации од луѓето, свињите и птиците. Загрижувачки е што најверојатно не се пренесува само од свињи на луѓе туку и од човек на човек, сметаат американските научници. Се претпоставува дека новиот вид предизвикувач на болеста се појавил во Калифорнија или Тексас, каде исто така се регистрирани неколку случаи. Од вирусот најмногу се погодени возрасни лица.

Во светот годишно умираат до 500 илјади луѓе од грипни заболувања. Последните две пандемии на грип се регистрирани во 1957 и 1968 година, кога умреа три милиони луѓе. Свинскиот грип што се појави во Америка е далеку од вака големи размери, но вознемирноста расте.


Автор: Михаел Кастриус / Александра Трајковска