1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Оооо, ти весело стресно време

Богослужби, концерти и божиќни панаѓури. Германските цркви се најомилени пред Божиќ. Тоа е и практичен тест за викарите, идните свештеници, теологијата од теорија да ја пренесат во пракса. Нив ги има се’ помалку.

Неделно утро пред Божиќ во Центарот на евангелистичката заедница во Троисдорф. Надвор е распослан мраз како шеќер во прав врз крововите и дрвјата. Внатре во салата со кафе покрај свеќите се топлат речиси 50 пензионери.

Der erste Advent als Vikarin Mareike Maeggi

Марајке Маџи

„Чест ми е што ме замоливте уште еднаш пред овој крст да се претставам како викарка“, рече Марајке Маџи.

Таа за првпат посетува машка група, којашто редовно се среќава во Центарот на заедницата.

„Утрово пристигнав за со вас да се помолам. На ова предбожиќно неделно утро славиме ние во името на Бога, отецот, синот и светиот дух. Амин“, рече Маџи.

Таа во април ја започна двеипол годишната обука за евангелистички свештеник во Троисдорф, градче меѓу Келн и Бон. 27-годишната жена веќе има добра замисла за работата како свештеник. Во последно време таа повеќе време минувше во работната просторија со цел да се подготви за нејзината прва предбожиќна литургија, но и за божиќната богослужба.

Altarraum der Stifts- und Wallfahrtskirche St. Peter und Paul

Црквите во предбожиќниот период привлекуваат многу верници

„Предбожиќното време и Божиќ за мене е едно сосема ново ниво, бидејќи сакам да подобрам некои работи. Имено, сум слушала многу божиќни богослужби кои за мене биле многу малку возбудливи“, објаснува Маџи.

Нејзе тоа не треба да и’ се случи. Затоа таа многу ја подготвува нејзината богослужба. Во близина на лаптопот на масата стои еврејско издание на Евангелието. Така, викарката нема да се потпре само на германскиот превод на историјата на Божиќ. Таа на картички ги напиша главните идеи. Да се биде свештеник, според неа, не се учи на универзитет. Сепак таа има студирано во Бон, Берлин и Оксфорд.

„Ние учиме премногу, почнувајќи од стари јазици, преку филозофија, историја па се’ до литература. А, она стекнато знаење треба и практично да се спроведе“, вели викарката.

Затоа свештениците во црквите освен добри проповедници, мораат да бидат и добри учители.

Der erste Advent als Vikarin Pfarrer Dietmar Pistorius

Дирмар Писториус

„Денес во црквата сме заглавени со многу силни структурни прашања. Јас сметам дека викарите и викарките денес ќе го доживеат тоа многу посилно отколку што го доживеавме ние на времето. Денес ние сме толку многу ангажирани на различни нивоа за тоа како да ја направиме црквата на иднина“, вели менторот на Маџи, свештеникот Дирмар Писториус.

Црквата мора пред се’ да ги спречи опаѓачките бројки на верниците. Можеби затоа бројот на апликанти за свештеничка професија во минативе години значително се намали. А, во следниве години и многу стари свештеници ќе заминат во пензија.

Но, на Марајке Маџи во моментов нешто друго и‘ се врти во глава – таа сака на луѓето, посебно за Божиќ, нешто да им пренесе.

„Јас сакам да кажам нешто многу важно за тоа што овие луѓе ги натера во срцето можеби уште во овој час да појдат на богослужба. Тоа е огромен предизвик во моментов“, објаснува Маџи.