1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ОН ќе испратат мировна мисија во Дарфур

Највисокото тело на светската организација вчера во Њујорк едногласно ја усвои резолуцијата која беше предлог од САД.ОН мисијата ќе ја преземат од Африканската унија

Бегалци во Дарфур

Бегалци во Дарфур

Советот за безбедност ја третираше кризата во западносуданската област Дарфур како закана за светскиот мир според седмото поглавие на Повелбата на ОН.

Врз оваа основа тој може да донесе одлука од санкции,па до воена акција,доколку суданската влада и натаму не соработува.Досега владата од Картум го одбиваше испраќањето сили од ОН.

По гласањето,американскиот амбасадор во ОН Џон Болтон изјави дека е ова позитивен развој по тешките преговори:

-Не‘ радува што Советот за безбедност едногласно ја усвои резолуцијата 1679.Мислиме дека ова испраќа силна порака.

Резолуцијата од сите конфликтини партии бара да го потпишат мировниот договор до крајот на мај и да престанат со сите активности кои ја спречуваат примената на договорот.

Русија и Кина најпрво беа резервирани кон предлог резолуцијата,но потоа ги дадоа своите гласови.

Генералниот секретар на ОН Кофи Анан треба да достави предлози до Советот за мандатот,бројноста на трупите и финансирањето на мисијата.