1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ОН ќе го испитуваат наводниот напад со хемиско оружје

Сириската влада има намера, на контролорите за хемиско оружје на ОН да им дозволи пристап до селата, кои биле бомбардирани со островен гас. Ова го објави сириската државна агенција Сана.

Сириската влада има намера да допушти експертите за хемиско оружје на Обединетите нации да влезат во селата, кои измината среда (21.08.) биле бомбардирани со отровен гас. Државната новинска агенција Сана оваа информација денеска ја објави повикувајќи се на Министерството за надворешни работи, дека била постигната соодветна спогодба со ОН.

Кога треба да почне истрагата во областа источно од главниот град Дамаск, за тоа нема информации.

Безбедносната состојба во областите каде се водат борби се смета за многу лоша. Опозицијата вчера се произнесе, дека таа би можела да ја гарантира безбедноста на експертите на ОН во областите на бунтовниците.

Владата и бунтовниците во Сирија меѓусебно се обвинуваат дека се одговорни за нападот со хемиско оружје изминатата недела, при кој според податоци на организацијата Лекари без граници загинаа стотици луѓе.